Секое физичко лице има право на објавување на свој оглас на Пазар3. Огласот се поднесува како оглас од физичко лице само доколку тоа физичко лице ја превзема одговорноста и има право да склучува договори за купување и продавање на предмети според правилата на Организацијата за заштита на потрошувачи и позитивните законски прописи во Р.Македонија.
Пазар3 го задржува правото да одлучи кога огласот е класифициран како оглас на физичко лице.
Секое претпријатие што е регистриран даночен обврзник во Р.Македонија и надвор од неа, има право на објавување на свој оглас на Пазар3. Пазар3 го задржува правото да одлучи кога огласот е класифициран како оглас на претпријатие. Согласно законот за забрана за спречување на вршење на нерегистрирана дејност, член 8: При нарачувањето на оглас, нарачателот е должен да наведе податоци за идентификација: Тековна состојба од Централен Регистар за регистрација на соодветната дејност или документ за регистрирана дејност, односно доказ за упис во соодветен регистар на дејност за физички лица. (2) Се забранува објавувањето на оглас доколку нарачателот на огласот не достави податоци за идентификација согласно со ставот (1) на овој член. Одредбите на овој член не се однесуваат на продажба на лични користени предмети од страна на физички лица преку огласување.
Објавените услуги мораат да бидат во согласност со позитивните Законски прописи и регулативите во соодветната дејност во Македонија.
Вашиот оглас треба да биде ставен во категорија која најдобро го опишува Вашиот производ/услуга. При избирање на категорија, имајте во предвид:
Не е дозволено да внесувате повеќе од едно возило/недвижност во еден оглас. Администраторите имаат право да ги избришат останатите возила/недвижности.
Не е дозволено да објавувате повеќе од еден оглас за ист производ или услуга повеќе од еднаш. Огласите кои имаат иста содржина се дефинираат како дупликат оглас и ќе бидат избришани.
Не е дозволено да ставите линк или препорака кој води до друга веб страница за огласување или веб страница за аукција. Линковите се дозволени само ако се однесуваат на спецификациите на производот или услугата која ја огласувате.
Пазар3 не ги поддржува ставовите и гледиштата објавени на страниците до кои водат линковите.
Правила за прикачување на слики и видео:
Пазар3 го задржува правото да ги отстрани сликите/видео клиповите од огласот, доколку ги прекршуваат Правилата.
Пазар3 има одредени забрани за тоа кои стоки и услуги не смеат да се огласуваат. Производите или услугите кои според Законите и прописите во Р.Македонија се дефинираат како нелегални, нема да се објават.
Не е дозволено да се огласуваат копии на брендови, (CD/ DVD, софтвери за компјутери, компјутерски и видео игри, филмови). Огласувачот мора да докаже дека се работи за оргинален производ.
Според Законот за оружје во Макеоднија, потребна е дозвола за поседување на оружје. Легитимниот сопственик на оружјето мора да наведи во текстот на огласот дека е потребна дозвола за поседување на оружјето. (Закон за оружје, Сл.весник бр.7/05, Чл.5)
Огласот се смета за навредлив доколку:
Пазар3 не ја сноси одговорноста за потеклото на производот/услугата која е предмет на огласување. Продавачите и купувачите самите ја сносат одговорноста.
Пазар3 го задржува правото за одбивање на огласите што содржат нереални понуди.
Сите слики и видеа на Пазар3 се објавуваат со заштитен знак на Пазар3. Ова е со цел да се спречи истите да бидат употребени во друг контекст.
Сите содржини на оваа веб страница, како текст, слики, лого, икони, дигитални превземања и софтвер се во сопственост на ПАЗАР3.КОМ ДООЕЛ и секоја употреба на истите за иста или слична дејност се казнува со Закон.
Лични податоци се податоци кои идентификуваат краен корисник. Некои од Вашите лични податоци ќе бидат потребни при регистрирање на огласи и креирање на Пазар3 сметки. Пазар3 не одговара за точноста на внесените информации. Пазар3 внесените податоци ги користи исклучиво за целта за кои што се внесени. Доколку Вие немате дадено согласност за користење на Вашите податоци за промотивни маркетинг активности, истите нема да бидат користени за таа цел. Пазар3 не ги споделува податоците со трети страни, не ги пренесува на трети страни и истите ги чува безбедно и ги користи исклучиво за намената за која се внесени.
Доколку Вие сте лице кое огласува/огласувач, податоци кои се потребни за внесување на оглас се:
Пазар3 најсериозно ја сфаќа безбедноста и превзема бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на личните податоци на крајните корисници. При обработка и пренос на податоците до нашите сервери се користи HTTPS безбедносен протокол. Доколку сакате да ги проверите Вашите податоци или да направите измени на истите тоа го правите на нашата веб страна со внесување на Вашата лозинка и корисничко име. Оваа лозинка е шифрирана. Пазар3 Ви препорачува да не ја споделувате Вашата лозинка со трети страни. Вашите лични податоци се зачувани на заштитни сервери, до кои има пристап само Пазар3. Шифрирањето на одредени чувствителни податоци се прави со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија, за да сме сигурни дека Вашите лични податоци се обезбедени како што се пренесуваат на Пазар3. Користењето на Пазар3 веб сајтот не е дозволен за малолетни лица (помлади од 18 години). Веб сајтот е дизајниран со намера да даде услуги на полнолетни лица (постари од 18 години).
Применетата Политика за приватност објавена на оваа страна се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Р. С. Македонија. Во електронска форма пречистениот текст на Законот (ПДФ) може да се симне од веб страницата на дирекцијата за Заштита на лични податоци на Р.Македонија (dzlp.mk).
Пазар3 се стреми да ги заштити Вашите лични податоци и да спречи злоупотреба или измена на информациите кои ги добива од своите корисници. Но, во секој случај не може да гарантира дека безбедносните мерки ќе спречат трети лица од нелегално прибирање на личните податоци.
Вашите права како корисник на Пазар3, во врска со политиката за приватност и заштитата на лични податоци се правото да бидете информирани за обработката на лични податоци, да имате право на пристап до Вашите лични податоци, право на бришење или измени на личните податоци, право на ограничување на личните податоци како и право на приговор.
За дополнителни информации во врска со Вашите права за заштита на лични податоци, можете да контактирате со Пазар3 офицерот за заштита на лични податоци Моника Тасевска Димитриевска на следниов е-маил: privacy@pazar3.mk и телефон 00 389 78 377 677. Можете да ни доставите Барање за доставување на информации за обработка на личните податоци или Барање за запирање на обработката на личните податоци преку е-маил или со писмена достава во просторииите на Пазар3, преку наведување на следните податоци:
Пазар3 и помага на полицијата, други овластени лица и страни со информирање за илегалните активности во огласите. Идентитетот на огласувачот или лицето кое плаќа ќе биде откриено според ИП адресата или телефонскиот број и тоа единствено по барање на службено лице и надлежен орган.
Електронската пошта е најчесто употребуваната алатка за комуникација меѓу корисниците на Пазар3. Електронската пошта не е задолжителна за регистрација на оглас. Ако огласувате и единствено може да бидете контактирани на телефон, наведете го во текстот.
Ако при регистрацијата на оглас ја внесовте и Вашата електронска пошта, истата ќе биде користена само за праќање на информации поврзани со Вашиот оглас.
Пазар3 се стреми максимално да ги заштити Вашите лични податоци при користење на веб страницата. За време на извршување на трансакцијата, Пазар3 нема никаков пристап до информаците како што се број на Вашата платежна картичка, рок на важност, безбедносен код или состојба на Вашата сметка. Кога плаќате со платежна картичка сите трансакции се одвиваат преку NESTPAY системот кој ја користи последната верзија на SSL технологијата за заштита.
Пазар3 користи технологија на следење (Cookies - мали текст фајлови зачувани во Вашиот компјутер) која е корисна за системот на рекламирање и ги брои уникатните посети. Тоа ни овозможува да се соберат статистики за нашите посетители и да се користат за внатрешни цели, на пример, се употребува за да не го гледате истиот банер постојано додека сте на Пазар3.
Технологијата на следење е анонимна и не содржи лични податоци.
Доколку сакате, можете да ја исклучите технологијата на следење на Вашиот пребарувач. Тоа се прави преку опцијата за прилагодувања на пребарувачот, во делот за безбедност. Секако, тоа ќе значи и дека нема да може да користите некои од функциите на Пазар3 од моментот на исклучување на технологијата на следење.
Пазар3 исто така користи технологија на следење за градење на пазарни сегменти и таргетирање на аудиториумот базиран на однесувањето на корисниците. Оваа информација е анонимна и се користи само за таргетиран маркетинг.
Пазар3 го задржува правото да изврши било какви измени на политиката за приватност и/или условите за користење во кое било време. Таквото изменување стапува во сила со самото објавување на веб страницата.
Пазар3.Ком Дооел
ул.Таше Милошевски бр.6
7310 Ресен
ЕДБ 4024009501321
Тел: +389 (0) 47 55 11 66
Е-маил: support@pazar3.mk
Пораки
Пораки
Информации за корисникот