ТИНГ дооел е една од првите фирми во Република Северна Македонија за производство на опрема за прехрана, земјоделие и хемија, со што допридонесува во развојот на целокупната економија преку потенцирање на домашниот пазар (домашна произведена опрема, а не увезена.)
Одличната работа и посветеноста на вработените, денеска компанијата ја претвори во едно успешно претпријатие кое има повеќе од 100 вработени.
Компанијата Тинг - Инокс е лоцирана во Кочани. Основана во 1990 година под името Тргоинженеринг за после 8 години од своето постоење да биде преименувана во сегашното име на компанијата Тинг - Инокс.
Почетоците на компанијата Тинг - Инокс се проектирање и инсталирање на термотехнички инсталации , санации на котлари, водоснабдување, челични конструкции и трговија со инсталациони материјали.
Започнале да работаат со само 4-ица вработени кои со несебични залагања вршеле повеќе функции истовремено, и ги поставиле темелите на фирмата со инженерско работење, монтажерско и производствена дејност.
Тинг - Инокс дооел претставува компанија за проектирање, изработка, инсталација и монтажа, специјализирана е за производство на Процесна опрема во сегментите на:
- Кондиторска индустрија,
- Винарство,
- Конзервна индустрија,
- Млечна индустрија,
- Месна индустрија,
- Автомобилска индустрија,
- ЦНЦ прецизна обработка,
- Цевки,
- Бојлери, и други услуги, согласно барањата на клиентите.
Тинг - Инокс дооел е меѓу првите формирани заштитни друштва во кое работат и опстојуваат повеќе од 29 години, лица со посебни потреби, за кои фирмата води особена грижа во поглед на нивната социјализација и еманципација. Тинг - Инокс денес успешно ги задоволува потребите на пазарот во Македонија и надвор, повеќе од 29 години.
Посветеноста во развивање на стратешки ориентирани решенија и достигнување на одлични резултати во сите сфери на делување, овозможува задоволување на потребите и очекувањата на клиентите и крајните потрошувачи. Постојано водат грижа за се што создаваат, секогаш да биде дополнителен бенефит за нивните клиенти. На тој начин градат партнерски релации, кои им овозможуваат на клиентите висококвалитетни услуги и производи како и зголемена профитабилност.
Сензационалниот раст не е случајност кај оваа фирма, туку резултат на правилни одлуки, храбра визија и иновативни концепти ориентирани кон иднината.