Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

Најдобрите семејни автомобили со економична потрошувачка
Најдобрите семејни автомобили со економична потрошувачка


Без разлика дали разгледувате дизел или бензиски автомобил, важно е да посветите внимание на неговата потрошувачка на гориво со цел во иднина да ги намалите своите трошоци. Ова е особено важно при купувањето на семеен или фамилијарен автомобил, поради тоа што фамилијарните автомобили поминуваат голем број на километри на годишно ниво.

Со цел да го олесниме процесот на избор на семеен автомобил направивме листа со најдобрите економични автомобили кои се идеални за семејства. Овие модели на автомобили можете да ги најдете и на нашиот веб сајт во категоријата Автомобили.

Погледнете ја листата во прилог а подоцна разгледајте ги и сите активни огласи за соодветните брендови и модели на автомобили кои имаат економична потрошувачка и се идеални за семејства.


Ford Focus


Ford Focus е очигледен избор за многу семејства веќе неколку години, Фокусот е скромен но стилски автомобил. Достапен е со пет врати и има огромен багажник. Дополнително има и ултра-ефикасни дизел мотори. Погледенете ја официјалната веб страна на Форд за детални информации околу најефикасните мотори на овој модел на автомобил.


Honda Civic

1.6 литарскиот дизел мотор на Honda Civic е еден од најекономичните мотори на Honda. Овој модел Honda Civic, е попрактичен во споредба со хеџбек моделот на Киа, Kia Seed, бидејќи има поголем багажник и дополнителен простор помеѓу задните седишта. Honda Civic претставува чест избор за брзо растечките фамилии.


Audi A3

Дури и постарите модели на Audi A3, претставуваат сериозен конкурент на голем број понови модели на автомобили од истата категорија. Овој модел на Ауди е префинет, елегантен и безбеден хечбек кој е многу привлечен за голем број на семејства. Најновиот модел на Audi A3 има неверојатна потрошувачка на гориво, од 4.3 - 7.1 l/100km комбинирано и CO2 емисии, комбинирани од 108 - 161 g/km.


Skoda Octavia

Овој модел на Skoda е најдоверлив и доста омилен кај потроошувачите кои поминуваат голем број на километри секоја година. Изненадувачки е кога ќе дознаете дека најефикасниот мотор на овој модел 2.0 TDI има потрошувачка од неверојатни 4.1 - 4.5 l/100km комбинирано и CO2 емисии, комбинирани од 106.8 - 117.7


Volkswagen Golf 8

Доколку сте во потрага по удобно возачко искуство и пространа и елегантна внатрешност, тоа ќе го најдете во најновиот модел на Volkswagen Golf, Golf 8. Покрај тоа, овој модел има навистина штедлив 2.0 TDI дизел мотор со комбинирана потрошувачка од само 3,8 l/100km. Тоа го прави совршено прилагоден за градско возење но и возење на отворен пат.

Се надеваме дека со оваа листа ви го олеснивме процесот на пребарување семејни автомобили со економична потрошувачка. 

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации