Мал автомобил
Седан
Хачбек
Караван
Купе
Кабриолет
SUV/Теренско
Миниван

Сијамска мачка - Најдобар избор на сијамски мачки на едно место!

Во потрага сте по сијамска мачка, или пак нудите сијамска мачка на продажба, а досега не сте ја исполниле вашата цел поради неможноста да најдете соодветен купупвач или продавач? Не очајувајте, бидејќи ние Ви нудиме решение за вашиот проблем!


На нашиот сајт, се што треба да направите е да објавите огласи за продажба на сијамска мачка, или пак да започнете со пребарување на огласите, во кои ќе можете да најдете достојни продавачи на разни раси на мачки, вклучително и на сијамските!

16 авг. 11:37 Мачки  ·  Скопjе  ·  Карпош
01 јун. 20:36 Мачки  ·  Битола

Sijamski macinja

55 ЕУР

Интересен факт: сијамска мачка заедно со персиската мачка се едни од најстарите расни мачки на светот, но, она што ги прави сијамските мачки различни е тоа што во Тајланд, особено во Сијам (од каде и потекнуваат) е почитувана како храмска мачка.



По што се карактеристични сијамските мачки?


Карактер - како иден сопственик на сијамска мачка, повеќе од важно е да знаете дека овие видови мачки се познати по нивната интелигенција, и можноста да бидат тренирани до тој степен, да можат да ги задоволат критериумите на своите сопственици. Тоа им овозможува да го носат епитетот на "кучиња" помеѓу мачките, токму поради оваа способност.


Покрај ова, тие обожуваат да се галат, хиперактивни се дури и кога ќе остарат, и немаат никакви социјални проблеми со други мачки, ниту пак се агресивни доколку чувате и др миленици/мачки, а тоа е една од причините која директно влијае врз нивната популарност.


Физички изглед - кога ќе здогледате сијамска мачка, она што прво ќе го забележите се нејзините плави очи, обоени уши и нозе, тенкото, мускулесто тело, и главата која што има тријаголна форма.


Она што е исто така интересно, е тоа што овие мачки се раѓаат комплетно бели, а потоа, постепено ја губат својата боја или пак добиваат одредени шари, за на крајот, кога ќе остарат, да бидат уште потемни.


Нега - кога станува збор за негата, потребно е редовно да ги чистите забите на вашата сијамска мачка, но и да ги сечете нивните канџи кога ќе забележите дека има потреба од тоа, поради фактот што сијамските мачки имаат навистина остри канџи. Препорачливо е еднаш на 10 дена.


Во поглед на храната, препорачливо е мачките да јадат посебна храна која што е наменета токму за овие раси на мачки.



Како до оглас кој што ќе Ви гарантира брза продажба на вашата сијамска мачка?


Иако објавувањето на огласи е лесен процес на нашиот сајт, бидејќи сè се одвива со само еден клик, сепак, потребно е да внимавате на следниве 3 работи доколку сакате да ја зголемите ефикасноста на вашите огласи:


Уредување - секогаш внимавајте на начинот на кој што ги уредување огласите, односно, настојувајте да објавувате јасни, недвосмислени и добро уредени огласи почнувајќи од насловот - продавам "сијамска мачка", главниот дел во кој што ќе наведете повеќе информации околу возраста, цената и сл, и завршен дел кој што треба да го содржи вашиот телефонски број за контакт.


Правила за огласување - огласите треба секогаш да бидат во склад со пропишаните правила за огласување на Пазар3, а тоа е од клучна важност бидејќи во спротивно, истите не би биле одобрени од администраторите на Пазар3, а тоа не е тоа што го сакате.


Фотографија - секогаш настојувајте кон тоа вашите огласи да имаат слика од она што го нудите, бидејќи ова ќе им помогне на купувачите да имаат подобра претстава околу она што го нудите.


За ваша информација, огласите кои имаат слика ќе Ви овозможат поголеми шанси за продажба отколку оние кои немаат, па затоа воспоставете ја оваа практика при огласувањето.




Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации