Македонски | Shqip | English |

Продадете го Вашиот телефон на едноставен начин – совети и трикови за брза продажба 

Продажбата и процесот на огласување во минатото се разликувала од онаа денес и истата се одвивала преку печатени огласи и медиуми. Независно дали се работело за недвижнини, возила, мобилни телефони и разни други предмети и уреди, луѓето ги огласувале во печатена форма. Начинот на креирање на ваков оглас бил едноставен – огласувачите пристапувале до редакцијата на медиумот и ги споделувале основните информации за продуктот. Потенцијалните клиенти преку телефонки контакт ја договарале зделката со продавачот. 

Денес, со процесот на дигитализација кој зазема се поголеми размери, овој начин на продажба и огласување е заменет со огласување online на интернет, со што е и променет пристапот до огласувачите. Овој начин на огласување бара креирање квалитетен оглас кој би го привлекол вниманието на клиентите и би го зголемил бројот на потенцијални купувачи. 

Со самото тоа што се се одвива online, процесот на огласување и пристап до потребните предмети е олеснет од една страна, бидејќи Вие можете да пребарувате се што Ви е потребно од дома, но од друга страна пак - на пазарот конкуренцијата се зголемува и Вие мора да нудите квалитетни производи за да бидете успешни и да опстојувате. 

Pazar3.mk како еден од најголемите веб огласници, со своето 13 годишно искуство, со Вас ги споделува најважните правила и трикови за брза продажба на Вашиот мобилен телефон. 

Совети за брза продажба – огласување на Pazar3.mk 

Нашиот веб сајт Ви нуди повеќе начини за креирање на Вашиот оглас како приватно лице, претпријатие, во склоп на сметка или надвор, изборот е Ваш. 

1# Креирајте јасен оглас 

Што се однесува до самиот опис на Вашиот телефон, колку повеќе информации и детали споделите, толку е огласот попривлечен за клиентите. Тоа вклучува, марка и модел на телефонот, главни одлики и карактеристики како капацитет на меморија, квалитет на камерата и друго. 

Кога огласувате, ставете се на местото на купувач и што би Ве привлекло Вам, па применувајте ги истите трикови. На пример, можете да споделите Ваш совет за користење на тој модел на телефон, перформанси кои Ви се допаѓаат и слично. Исто така, важно е да ги напоменете и негативните карактеристики на телефонот, бидејќи точните информации и детали секогаш даваат резултат. 

2# Главни трикови за продажба на телефони – Клучни зборови 

Огласувачите користат различни трикови при креирање на описот на огласот со што истиот би бил попривлечен за клиентите. Како чести фрази кои огласувачите ги користат се: “Специјална понуда”, “Телефон како нов”, “Во одлична состојба” и слично. 

Тука, посебна функција има и пребарувањето преку Google. Како Google ќе го оцени и позиционира Вашиот оглас, зависи од клучните зборови кои ќе ги вметнете во описот на огласот. Најчесто, тоа се зборови и фрази кои сите ние ги користиме при пребарување на мобилни телефони како: Samsung Galaxy J6, половни телефони, продажба на телефони, телефони од втора рака и слично. 

3# Квалитетни фотографии – значаен елемент на секој оглас 

Независно колку добро ќе го креирате описот на огласот со сите карактеристики за паметниот телефон, фотографиите се тие кои кажуваат повеќе од 1000 зборови. Поради тоа со право имаат значаен дел и влијание на крајниот резултат – продажбата. Сликајте го телефонот од сите агли за да може клиентите да ја видат состојбата на истиот. Секако, фотографиите треба да бидат добро направени со добар квалитет. Неквалитетните фотографии може значително да го намалат ефектот од огласот. 

4# Стекнете доверба кај клиентите 

Креирање оглас со добар и детален опис за состојбата на Вашиот телефон, поставување квалитетни слики или евентуално видео, постојан контакт и одговарање на прашањата на клиентите доведува до стекнување доверба и креирање Ваша препознатливост на пазарот. Поради тоа, бидете искрени и отворени – резултатот ќе биде зачудувачки. 

5# Огласувањето и продажбата на телефон од втора рака вклучува низа прашања 

Доколку сакате да го продадете Вашиот половен телефон што побрзо, бидете подготвени за прашањата од клиентите. Тргнете од Вас самите - сите ние кои купуваме производи од втора рака, посебно љубителите на електроника и мобилни телефони, сакаме да имаме што повеќе податоци за состојбата на продуктот. Вие можете да креирате квалитетен оглас со добар опис и квалитетни слики, но доколку не сте подготвени да им излезете во пресрет на барањата и прашањата на клиентите, сето тоа паѓа во вода. 

6# Точни податоци за реалната состојба на телефонот 

Секогаш давајте точни податоци за состојбата на телефонот. Доколку истиот има некаква маана или оштетување – споделете го тоа со клиентите и на тој начин избегнете непријатни ситуации при средба со клиентот. 

На што треба да обрнете внимание? 

Како што споменавме и погоре, секогаш давајте точни податоци за состојбата на Вашиот телефон. Вие секако можете да ги нагласите позитивните страни и бенефитите на тој модел, но споделете ги и недостатоците. Наведете реална цена која е вредна за телефонот или наведете дека цената е по договор доколку сте подготвени за договор со клиентот. Квалитетните слики водат кон добра зделка и секако комуникацијата со клиентот. 

Секогаш давајте податоци колку што е потребно да го заинтригирате оној кој го чита описот на огласот. Не навлегувајте во премногу детали на пример како телефонот ви паднал и сте го пукнале на едниот агол и слично. Колку што тие детали може да допринесат до подобар резултат, толку може и негативно да влијаат на перцепцијата кај клиентите. 

 

Обидете се да ги користите овие совети и трикови и зголемете ја шансата за брза продажба на Вашиот паметен телефон.

Кон почеток