Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Dezinfekcija na vashiot mobilen telefon za vreme na COVID pandemijata

Дезинфекција на вашиот мобилен телефон за време на Covid пандемијата - Што треба да знаете?

 

 

Мобилните телефони несомнено важат за едни од најупотребуваните работи во нашиот живот.

За волја на вистината, тие го променија начинот на живот бидејќи ни оставаат можност да бидеме во контакт со нашите колеги и роднини,  да бидеме во тек со најновите настани во светот, па дури и ни го олеснуваат животот со помош на многуте алатки.

Но, дали сте знаеле дека тие се исто така и едни од најнечистите работи кои ги користиме секојдневно?

 Како што знаеме, една од најважните препораки за време на Корона кризата е токму хигиената. Па затоа, се одлучивме да Ви дадеме неколку совети за тоа како би можеле да го дезинфицирате вашиот телефон, а со тоа и да ја намалите изложеноста од микробите кои би можеле да го компромитираат вашето здравје.

 

Исклучете го вашиот мобилен телефон и отстранете ја заштитната маска

 

Ова е првата и клучна работа која што треба да ја направите бидејќи со ова го намалувате ризикот од оштетување на екранот од една страна, а од друга страна, пред да започнете да го чистите телефонот, од голема важност е дезинфекцијата да започне од самата маска – доколку ја имате, се разбира. Доколку немате, можете да си набавите интересни, модерни и квалитетни маски по најповолни цени тука. Голем асортиман на маски за повеќе модели на мобилни телефони со можност за онлајн достава.

Напомена: Доколку вашата маска е изработена од кожа или од некој друг материјал, би Ви препорачале да се консултирате со професионалци со цел да избегнете оштетување на маската.

 

Користете микрофибер крпа во комбинација со дестилирана вода и изопропил алкохол

 

Имајте на ум дека микрофибер крпата би била совршена за чистење на вашиот мобилен телефон бидејќи таа е лесна, брзо апсорбира и е доволно нежна да не го оштети екранот.

 Потоа, измешајте дестилирана вода заедно со 70% изопропил алкохол во малечко шише. Ова е од есенцијално значење поради тоа што во зависност од местото на живеење, водата која ја користиме за пиење може да содржи песок во поголеми количини, а тоа може да води кон гребење на самиот екран и негово оштетување.

 

Почнете со чистење

 

Откако ќе ја промешате течноста,  испрскајте ја на микрофибер крпата, но внимавајте да не ја наводените премногу. Доволно е да биде малку мокра.

Додека го чистите екранот и другите делови од телефонот, внимавајте да не го оштетите USB-C портот, камерата или звучниците.

Не заборавајте истото да го направите и на самата маска. Процесот е лесен и не би требало да ви одземе повеќе од 2-3 минути.

 

Оставете го вашиот мобилен телефон да се исуши

 

Крајниот чекор е да го оставите вашиот телефон да се исуши најмалку 15 минути со цел дезинфекцијата да биде извршена онака како што треба. Доколку ви се брза, почекајте барем 5 минути.

 

Уште неколку начини со кои би можеле да ја одржувате чистотата на мобилниот телефон

 

Постојат и алтернативни начини со кои можете да се служите за да го дезинфицирате мобилниот телефон. На пример, комбинацијата на вода и сапун е нашироко употребувана.

Се што треба да направите е да измешате вода и сапун, и да  внимавате да не го потопувате телефонот во вода, дури иако станува збор за водоотпорен телефон.

За овој начин на чистење доволно е да користите микрофибер крпа или пак чепкалка.

Еден од најголемите светски лидери во мобилната индустрија – Apple советува дека дезинфекција може да се изврши и со влажни марамици, но само доколку тие содржат 70% изопропил алкохол.

Најпрепорачливо е да се врши дезинфекција на телефонот секој ден, посебно кога се наоѓаме во глобална пандемија. Доколку не сте во можност да го правите тоа секој ден, тогаш потрудете се барем да биде 3 пати во неделата.

Од друга страна, одбегнувајте да го користите телефонот доколку се наоѓате во јавен превоз или пак во теретана, бидејќи овие места се преполни со луѓе.

 

Што да не правите

 

Препорачливо е да не претерате со непрекинато бришење на екранот, или пак да го чистите екранот додека вашиот телефон е вклучен.

Ова е една од главните причини со кои корисниците би можеле да направат повеќе штета отколку добро.

За крај, од голема важност е да напоменеме дека во никој случај не треба да користите чист алкохол при дезинфекција на мобилниот уред, бидејќи ова не само што може да го расипе самиот уред, но исто така може да доведе до несакани последици.

Затоа,  внимавајте на вашата хигиена, држете социјална дистанца, почитувајте ги мерките на Светската Здравствена Организација, надлежните Министерства на Република Северна Македонија, и  бидете во тек со најновите вести од светот како што тоа го прави и Пазар3.

Кон почеток