Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Купување на недвижен имот за време на корона кризата?

Купување на  недвижен имот за време на Корона кризата - Дали е паметна идеја?

Откако корона кризата започна да го менува целокупниот начин на живот кон крајот на 2019 година, нестабилноста несомнено се одрази и врз пазарот на недвижнини бидејќи се поголем број на луѓе сметаа дека самото купување на недвижен имот за време на пандемија е грешно.

Најчестите прашања со кои се соочуваа(т) заинтересираните купувачи е дали да воопшто треба да се инвестира во недвижности/живеалишта односно во куќи и вили, станови, викендици, плацови/ниви и сл, па затоа, Пазар3 реши да Ви понуди мислење за кое сметаме дека ќе Ви биде од корист.

Пазарот на недвижен имот е генерално сигурен

Без разлика дали станува збор за пазар на недвижности во Македонија или пак во некоја друга земја, пандемијата на Ковид-19 и рестриктивните мерки допринесоја кон драстично намалена продажба на станови во Скопје од градежни фирми, од страна на физички лица, а многубројни клиенти го пролонгираа купувањето.

Но, она што всушност се случи немаше некои поголеми турбуленции, па така, многубројни купувачи се одлучија за купување на недвижен имот токму во третиот квартал од минатата година помеѓу април-јуни.

Статистиките на Регистарот на цени и закупнини покажува направени се 5.985 трансакции што покажува зголемува зголемување за 1912 трансакции во споредба со вториот квартал.

Исто така, би сакале да нагласиме дека извештаите од катастарот наведуваат и дека во овој период продадени се 681 новоизградени станови што само по себе значи дека пазарот не е премногу оштетен.

Секогаш постои простор за преговарање околу цената

Дури и пред да започне корона кризата, процесот на купување на недвижен имот дозволување коректна комуникација помеѓу продавачот и купувачот, но и можност за замена, доплата и сл варијанти, па така, во овој сегмент купување на недвижен имот за време на пандемија нема некоја разлика.

Она што можеме да Ви го понудиме како совет е најпрво да размислите што точно барате, локацијата во која што планирате да инвестирате, цената која што сте спремни да ја платите, а најважно од се, истражувањето на цените на пазарот треба да биде ваш најголем приоритет.

Тоа можете да го направите сами преку регистрирање на огласи за недвижности или пак да изнајмите услуги на некоја агенција за недвижности која што е достапна на нашиот сајт.

Кои се предностите на купување на недвижен имот за време на корона кризата?

Намалени цени - генерално, за време на пандемија интересот за купување на недвижен имот е драстично опаднат, а тоа значи и дека продавачите би можеле да ја намалат цената до точка која што ќе биде компатибилна со вашиот буџет.

Тоа значи дека би можеле да купите поголеми станови за пониска цена, куќи, ниви, плацеви, фарми, викендици на атрактивни места како што се Маврово, Пониква, Берово и тн.

Времето е на ваша страна - не мора воопшто да се брзате за купување на недвижен имот сред пандемија, туку напротив, Вие би можеле да го истражите пазарот подетално, да видите што точно се нуди, или пак ако имате некакви посебни барања, со само еден оглас, истите ќе Ви бидат исполнети во најкус можен рок!

На пример, Пазар3 е одлично решение за Вас бидејќи како најголем купопродажен и огласувачки сајт во Македонија со дневна посетеност од преку 70 000 дневни посетители, шансите за да контактирате потенцијален продавач кој што сака да Ви понуди продажба на недвижнини се навистина големи!

Користење на помош од држава/банки - во светот, вклучувајќи ја и нашата земја, државните органи во соработка со банките даваат понуда за кредити кои што ќе може да се исплатат на подолг временски период, а тоа е идеално за купување на недвижен имот.

Висината на кредитот секако ќе зависи од вашата потреба, но, она што ние можеме да Ве советуваме е целокупната инвестиција да не ја базирате на кредит, бидејќи тоа може да се покаже како грешка. Инвестиција на долг рок - на пример, ако сакате да го зголемите производството или пак да го проширите бизнисот купувајќи голема површина, тоа би можеле и те како да го сторите за време на пандемијата.

Иако градењето и останатите работи не мора да ги започнете веднаш, сепак, во глобала, купување на недвижен имот во вакви моменти може да се покаже како одлична инвестиција на долг рок, бидејќи таа нема никаков рок на траење!

Кои се ризиците со кои ќе можете да се соочите при купување на недвижен имот?

 - Финансиски потешкотии - пандемијата направи раздор во секоја земја, бидејќи истата допринесе кон затворање на многубројни работни места,  па тоа може да ве оттргне од самата мисла дека купување на недвижен имот е добра идеја.

Ова особено може да има удел доколку за време на пандемијата работното место не Ви е загарантирано.

 - Понудата може да биде помала иако ова не е правило, сепак, неретки се ситуациите во кои потенцијалните продавачи на недвижнини се одлучуваат да почекаат со продажбата, кога ситуацијата би се стабилизирала или целокупната пандемија би завршила.

- Градежните компании одбегнуваат инвестирање - постојат голем број на градежни компании кои веќе извршиле градба на станови во скопје, станови во охрид, и во останатите градови ширум Македонија, и не планираат да инвестираат во моментот.

Тоа може да значи дека би се појавиле и ситуации во кои би се соочиле со помала понуда на станови во нови згради.

Во секој случај, Вие ќе го имате последниот збор дали воопшто би се впуштиле кон купување на недвижен имот за време на пандемија или пак не.

За крај, би сакале да Ви поставиме прашање - дали купување на недвижен имот за време на пандемија е паметна идеја според Вас?

Доколку одговорот е да, тогаш разгледајте ја понудата која што се нуди на Пазар3 и стапете во контакт со многубројни продавачи на недвижнини кои чекаат на Вас во секое време!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации