Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Наместен или празен стан, кога е најлесно издавањето

Наместен или празен стан – кога е најлесно издавањето?

 

Изнајмувањето стан не е лесна работа. Изнајми празен стан или опреми го со добар мебел што потенцијално дополнително ќе привлече станари? Прашања има многу, а исто така и одговори. Изнајмување стан со мебел има свои предности и недостатоци, а истото може да се каже и за изнајмување на празен стан.

Исто така, се поставува прашањето кому да му го изнајмите станот и што му е потребно на Вашиот подстанар - некој станот може да го користи како простор за живеење, а друг како деловен простор. Поради ова, ја анализиравме понудата на станови за изнајмување и нивната содржина, врз основа на што дојдовме до заклучок дека двете опции можат да бидат еднакво исплатливи.

Сепак, наидовме на некои негативни страни. Во следните редови, ги презентираме и двете страни на паричката наречена стан за изнајмување.

 

Изнајмување стан - предности и недостатоци на изнајмувањето

Во најголем дел, изнајмување на стан значи наместен простор за живеење, без разлика дали тоа се големи градови или помали места каде побарувачката за изнајмување е голема. Лесно е да се преселите во стан како овој – станарите ги носат своите куфери, се распоредуваат лични работите и сè е веќе на место.

 

Наместен или опремен стан

Предности на изнајмувањето на опремен стан

Првата предност за изнајмување на опремен стан е повисоката цена што може да ја добиете на месечна основа. Ако му обезбедите на Вашиот иден станар сè што му е потребно за да живее во станот, може да побарате многу поголема сума од таа за која се плаќа во случај да е празен.

Одлична карактеристика на опремениот стан е тоа што се издава многу побрзо, затоа што станарите во овој случај немаат никаква обврска да донесат сопствен мебел и немаат дополнителни трошоци. Побарувачката за опремени недвижнини отсекогаш била значително повисока од побарувачката за празните станови, освен за некои исклучоци - на пример, кога станот се изнајмува за деловни простории.

Најдобро е што мебелот Ви останува во трајно поседување, така што има и можност лично да го користите дури и откако станарите ќе го напуштат станот, и ако решите да живеете во станот - само треба да ги внесете куферите во него.

 

Негативните страни за изнајмување на опремен стан

Изнајмувањето на опремен стан исто така бара малку поголема вклученост на сопственикот. Ова се однесува првенствено на трошоците за опремување на станот. Освен тоа, кога изнајмувате стан исто така треба да го осигурате, а со сето тоа доаѓа грижата за оштетен или уништен мебел.

 

Како да изнајмите стан за дневна употреба?

Изнајмување стан на ден е една од најисплатливите опции кога имате опремен стан. Овој вид на недвижнина овозможува брз и лесен приход, особено ако живеете во поголем, туристички атрактивен град.

Се разбира, најдобро поминуваат оние сопственици кои нудат сместување во близина на главните туристички атракции, но дури и оддалечените локации не значи дека нема да можете да го изнајмите Вашиот стан затоа што туристите секогаш сакаат нешто поевтино.

Празен стан

Празен стан за изнајмување - кои се придобивките?

Празен стан за изнајмување има повеќе предности отколку што изгледа на прв поглед. Кога изнајмувате празен стан, тоа автоматски значи дека немате трошоци за опремување. Станарите носат свои работи, што некако ги задоволува и двете страни - одговорноста за мебелот е исклучиво на подстанарот, и ако нешто се оштети, тоа не е грижа на сопственикот.

Исто така, станарите кои се заинтересирани да изнајмат празен стан и да донесат свој мебел, тие сигурно планираат да останат во тој стан долго време, па кога ќе го издадете, можете да бидете смирени на долг рок во однос на редовната кирија.

Ова е особено важно ако станарите купуваат наместо да носат користен мебел. Станува збор за едноставни практични причини - тие инвестирале во мебел и не им е исплатливо да се селат многу често.

 

Изнајмување на празен стан за канцелариски простор

Една од најголемите предности за изнајмување на стан без мебел е тоа што недвижниот имот лесно може да се претвори во деловен простор. Ако изнајмувате стан на добра локацијата Вашиот недвижен имот ќе биде многу привлечен за различни агенции, адвокати, фризерски салони, клиники и секој кој сака прифатлива и лесна достапна локација за вашиот канцелариски простор.

Во овој случај, компаниите што го изнајмуваат станот сами го носат мебелот и го средуваат амбиентот по желба и по потреба.

 

Недостатоци на изнајмување празен стан

Како што беше кажано претходно, опремените недвижнини секогаш имаат поголема побарувачка кога e во прашање изнајмување стан, а тоа е главниот недостаток на изнајмување празен стан. Сепак, не треба да бидете обесхрабрени од овој факт, затоа што иако е потешко да се добие станар за празни станови, откако ќе гo пронајдете - шансите се големи дека ќе бидат тука подолго време, затоа што доаѓаат со свој мебел што не им дава можност за често преместување.

 

Полуопремен стан за издавање

Со оглед на тоа што двете варијанти имаат свои предности и недостатоци, како компромисно решение е полунаместен стан. Најпрактичното решение е за оние кои сакаат да ги понудат најосновните работи во стан без да се направат високи трошоци при опремување. Полуопремениот стан генерално вклучува маса, столови и на основно ниво опремена кујна, додека теписи, завеси, полици, декоративни детали и плакари не се дел од понудата.

Друга опција е само да го опремите празниот стан со плакари и кревети, да им се олесни на станарите да донесат помали работи како маси, столови, фотелја и слично. Полуопремен стан е широк поим и можете да го прилагодите според побарувачката и Вашите потреби како што Ви одговара.

 

Изнајмувањето стан е една од најпрофитабилните опции кога станува збор за поседување на недвижен имот, бидејќи секогаш има потенцијални станари и побарувачката никогаш не била повисока во изминатите неколку години. Ова особено важи за поголемите градови како Скопје, градовите каде што има факултети како Битола, Прилеп, Охрид и Штип, туристичките места како Берово и Крушево, иако ниту еден помал град не заостанува во однос на побарувачката на недвижнини.

 

Кон почеток