За да можете да креирате огласи, Ве молиме изберете и платете за претплатата која Ви одговара. Исто така можете да погледнете тука "Кориснички подесувања" и да го измените начинот на плаќање.
БЦ – Транском Панел “ ДОО УВОЗ - ИЗВОЗ с.Ратево,Берово се занимава со производство на масивни плочи со ширинско слепување на елементите. Опремата за производство е од најсовремен тип набавена од Германија и САД. Капацитетот на производство е 60 м3 месечно со работно време од 8 часа на ден. Суровината за производство на масивни плочи е бука (благо парена или бела - природна), бор, даб или друго по ваша нарачка. Димензијата на плочите што се произведуваат може да биде : ширина до 1 000 мм, должина до 2 500 мм и дебелина од 20 мм, 35 мм, 40 мм и 44 мм ( се произведуваат и ногари за маси од разни димензии 70 x 70, 80 x 80, 100 x 100 и 120 х 120 мм). Заради контрола на квалитетот на готовите производи, погонот располага со сопствена сушара со капацитет од 60 м3, опремена со најсовремена технологија од словенско производство за водење на процесот – режимот на сушење. Покрај производство на масивни плочи капацитетот има можност да произведува и маси, најразлични елементи и делови за мебел, газишта и друго по ваша нарачка. Производниот капацитет е лоциран во с.Ратево – Берово, Р. Македонија. E – mail : bc_transkom@yahoo.com, info@bc-transkom.mk web : bc-transkom.mk
Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.