Велат, сите големи идеи почнуваат со мали чекори. Ако можеш да го замислиш, можеш и да го постигнеш. Воден од европските трендови во нутриционизмот во 1993 како основач на Виталиа, ја претставив идејата за промовирање на здравата храна кај македонскиот потрошувач. Во тој период на пазарот не постоеше перцепција за значењето на здравата исхрана, а иновативните идеи паѓаа пред традиционалните навики во исхраната. Едноставно целата приказна изгледаше како револуција на македонскиот пазар. Со верба во сопствената идеја си дадов задача да ги запознаеме потрошувачите со бенефитите на здравата храна, да им ја претставиме како инвестиција во сопственото здравје. Токму тогаш го отворивме првото дуќанче во Буњаковец и истото претставуваше првата специјализирана продавница под брендот Виталиa. Но потоа следеше онаа потешка страна за развој на бизнисот. Се сеќавам дека ни претстоеше интензивен период на едукација на населението и тоа преку публикување бројни едукативни текстови и нутриционистички совети со кои успевавме позитивно да делуваме кон менување на прехранбените навики на консументите, воведувајќи ја здравата храна во дневното мени на секое семејство. Денес го чувствуваме ефектот од нашите потрошувачи и тоа на начин на кој нам навистина ни значи. Тие се благодарни и задоволни и несебично го споделуваат тоа со нас, на нашата инфо адреса, на нашата Фан страница и секако на едукативните средби кои сеуште ги организаме за нив. Една од потешкотиите со кои се соочивме на почетокот е тоа што доаѓаме од земја т.е. пазар кој не е толку афирмиран во светски рамки и во кој сите гледаат со доза на недоверба. Но, богатата понуда на оригинални здрави продукти со врвен квалитет и дизајн, редовното учество на интернационални саеми, одличниот сервис кој го нудиме на нашите клиенти го привлекоа вниманието на големопродажните компании. Ориентацијата кон производство на квалитетни производи ја потврдивме и со воведување на најстрогите интернационални стандарди за безбедна храна (НАССР, ISO, BRC, SA 8000, Vegetarian) со што ја зголемивме конкурентноста и довербата во брендот Виталиа. Но, Виталиа е детерминирана да стане препознатлива и барана и во светски рамки. Определеноста кон проширување на извозните пазари неминовно бараше и воведување на специфичните „кошер“ и „халал“ стандарди кои ни овозможија пласман и на пазарите од Блискиот исток. Денес нашите производи се присутни во најпознатите светските трговски синџири како Веропулос, Теско, Спар, Меркатори, Конзум, Кауфланд, Била... (Auchan, Tesco, Kaufland, Metro, Billa Veropoulos, Carrefour, Spar, Merkator, Konzum, Delhaize, Wholefoods, DM). Од еодамна Виталиа брендот е присутен и на светската онлајн продавница Амазон како и на рафтовите на Волфудс (Wholefoods) во САД и Канада. Покажавме дека здравата храна е интересна и вкусна и достапна за секого, а нашиот знак за квалитет е : „Vitalia - Made in Macedonia“. Нашата визија, вербата во брендот, одлучноста и посветеноста овозможија зацврстување на лидерската позиција и промовирање на Виталиа како успешен македонски бренд не само кај нас, туку и ширум светот. Благодарение на широката дистрибутивна мрежа, но и на амбициозниот и мотивиран продажен тим, денес брендот Виталиа се извезува во повеќе од 30 земји, на 5 континенти и тоа во Европската Унија, Америка, Австралија, Јапонија, Блискиот исток, Русија, Индија, Либан, Казахстан...Посети ја страната на нашата продавница
Велат, сите големи идеи почнуваат со мали чекори. Ако можеш да го замислиш, можеш и да го постигнеш. Воден од европските трендови во нутриционизмот во 1993 како основач на Виталиа, ја претставив идејата за промовирање на здравата храна кај македонскиот потрошувач. Во тој период на пазарот не постоеше перцепција за значењето на здравата исхрана, а иновативните идеи паѓаа пред традиционалните навики во исхраната. Едноставно целата приказна изгледаше како револуција на македонскиот пазар. Со верба во сопствената идеја си дадов задача да ги запознаеме потрошувачите со бенефитите на здравата храна, да им ја претставиме како инвестиција во сопственото здравје. Токму тогаш го отворивме првото дуќанче во Буњаковец и истото претставуваше првата специјализирана продавница под брендот Виталиa. Но потоа следеше онаа потешка страна за развој на бизнисот. Се сеќавам дека ни претстоеше интензивен период на едукација на населението и тоа преку публикување бројни едукативни текстови и нутриционистички совети со кои успевавме позитивно да делуваме кон менување на прехранбените навики на консументите, воведувајќи ја здравата храна во дневното мени на секое семејство. Денес го чувствуваме ефектот од нашите потрошувачи и тоа на начин на кој нам навистина ни значи. Тие се благодарни и задоволни и несебично го споделуваат тоа со нас, на нашата инфо адреса, на нашата Фан страница и секако на едукативните средби кои сеуште ги организаме за нив. Една од потешкотиите со кои се соочивме на почетокот е тоа што доаѓаме од земја т.е. пазар кој не е толку афирмиран во светски рамки и во кој сите гледаат со доза на недоверба. Но, богатата понуда на оригинални здрави продукти со врвен квалитет и дизајн, редовното учество на интернационални саеми, одличниот сервис кој го нудиме на нашите клиенти го привлекоа вниманието на големопродажните компании. Ориентацијата кон производство на квалитетни производи ја потврдивме и со воведување на најстрогите интернационални стандарди за безбедна храна (НАССР, ISO, BRC, SA 8000, Vegetarian) со што ја зголемивме конкурентноста и довербата во брендот Виталиа. Но, Виталиа е детерминирана да стане препознатлива и барана и во светски рамки. Определеноста кон проширување на извозните пазари неминовно бараше и воведување на специфичните „кошер“ и „халал“ стандарди кои ни овозможија пласман и на пазарите од Блискиот исток. Денес нашите производи се присутни во најпознатите светските трговски синџири како Веропулос, Теско, Спар, Меркатори, Конзум, Кауфланд, Била... (Auchan, Tesco, Kaufland, Metro, Billa Veropoulos, Carrefour, Spar, Merkator, Konzum, Delhaize, Wholefoods, DM). Од еодамна Виталиа брендот е присутен и на светската онлајн продавница Амазон како и на рафтовите на Волфудс (Wholefoods) во САД и Канада. Покажавме дека здравата храна е интересна и вкусна и достапна за секого, а нашиот знак за квалитет е : „Vitalia - Made in Macedonia“. Нашата визија, вербата во брендот, одлучноста и посветеноста овозможија зацврстување на лидерската позиција и промовирање на Виталиа како успешен македонски бренд не само кај нас, туку и ширум светот. Благодарение на широката дистрибутивна мрежа, но и на амбициозниот и мотивиран продажен тим, денес брендот Виталиа се извезува во повеќе од 30 земји, на 5 континенти и тоа во Европската Унија, Америка, Австралија, Јапонија, Блискиот исток, Русија, Индија, Либан, Казахстан...
Пораки
Информации за корисникот