Објавени: мај 31 2016 04:44

Rakovoditel na elektronski marketing na turizmot

Објавени: мај 31 04:44
Прегледи: 5
Задачи:
• Осмислување на дизајнот и форми на надополнување на веб-сајтот за електронска трговија “rezervirajme.com” со производи
• Електронско рекламирање на туристички пакети, преку е-пошта, е-весник, фан-страница и слични масовни мејлови.
• Комуникација со медиумите, рекламни агенции и промотери на туризмот
• Развивање и валидација на туристички понуди, погодни за електронско комерцијално работење
• Стратешко планирање на е-страницата за туризам
• Пронаоѓање и координирање со провајдерите на хостинг за е-трговија, со оптимизација на пребарувачи, брендирање на страницата итн.
• Истражување за туристичките атракции и услуги
• Обработка на резултати од истражување (извештај)
• Комуникација со е-пошта, пошта, телефон, пораки, пишување писма, потребни за проектите и организацијата. Давање извештаи на директорот.
• Објавување на наши активностите на интернет социјални мрежи.
• Пишување на предлог проекти за теми одредени од раководителот и по свој избор по одлука на раководителот.

Работното време: 8 часа, со законска пауза 30 минути.
Вид на ангажман: плата и придонеси.
Времетрање на вработувањето: 3 месеци, од 14.06. 2016 до 20.9.2016 година.
Висина на бруто плата: 400 евра месечно, во денарска противвредност.
Потребно образование: високо образование, VII1 степен, диплома од туризам, информатика или маркетинг. Може и курсеви.

Потребно додатно знаење:
- англиски јазик, способност да говори со странци, способност да пишува писма, извештаи, анализи и да преведе документи.
- Информатика, активно користење компјутерски програми за веб платформи, е-комерција, блогови, анимации; МС офис (ворд, ексел, паверпоинт, паблишер, оутлук, акцес), Адобе, Индизајн, Фотошоп, обработка на слики, снимање на документи.

Потребно искуство:
• 2 години работно искуство на спроведување проекти, работа во едукација, организирање настани и/или работа во фирма.
• 2 проекти или активности за туризам, е-трговија, саеми, компјутери.
• Познавање администрација, животна средина, социјала и туризам.
• Поради мотивирање на возрасните над 35 години за учество на пазарот на труд, предност се дава на повозрасни и поискусни лица.

Услови за конкурирање:
Заинтересираните лица да достават биографија (и ако сакаат додатно писмо со опис на стручноста) на адреса: [email protected], или бул.Јане Сандански 61/47, 1000 Скопје, или факс 02/5111-345.
Резултатот е 5 дена по конкурсот. Доколку не Ви се јавиме, значи не сте избрани.
КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 4.6.2016, ДО 17.00 ЧАС
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации