Објавени: јун. 23 2015 10:09

Namesten stan 118m2 Karpos 1 OGRANICENA PONUDA

ЕУР

Објавени: јун. 23 10:09
Прегледи: 24
Понудата важи само до крајот на јуни, поради заминување во странство!

Ексклузивно наместен стан од 118м2 на одлична локација на ул. Гиго Михајловски бр. 10 во Карпош 1 (зад ул. Рузвелтова, веднаш зад Центар за странски јазици).

Станот е на две нивоа (дуплекс) на 5-ти кат, влез бр. 1 (црвен влез), со југо-источна ориентација (гледа кон центар, водно и градски парк), во близина на гимназија Орце Николов, на 2 минути до основно училиште, градинка, зоолошка градина и градски парк, на само 5 минути од Дебар Маало и 15 минути од центар. Пред и зад зградата има јавен бесплатен паркинг.

Станот се продава со комплетно опремена кујна и вграден мебел. Опремен е со плакари, паркет, плочки и санитарии. Има Видео домофон, клима во секоја соба, приклучен на градско парно греење.

Распоредот е одличен, со многу отворен простор и светли соби. На долното ниво има дневна соба, трпезарија, кујна, голема тераса (6м2) и гостински тоалет. На горното ниво има две спални соби со две купатила и една соба помеѓу спалните која може да биде работна, дневна или трета спална соба.

Цената е 117.500 евра или 996 евра по м2.

Зградата е изработена по високи стандарди со квалитетни материјали по проект и изведба на реномираната фирма Ателје Ајвар. Станот е исто така уредуван од страна на Ателје Ајвар.
http://www.ajvarhrrm.com.mk/
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
24
070230680

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации