Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

Современи начини кои ќе го забрзаат растот на вашиот бизнис

Современи начини кои ќе го забрзаат растот на вашиот бизнис


Иако не постои докажана формула која гарантира успешен раст на бизнисот, сепак, постојат многубројни начини на кои би можеле да издејствувате кон тоа вашиот бизнис да се оддели од конкуренцијата на позитивен, и иновативен начин кој што соодејствува со модерното време во кое што живееме.

Па, кои се тие? Како би можеле да ја зголемите продажбата? Кои работи треба да ги имате предвид при формирањето на стратегија за успешен раст? Прочитајте ја нашата статија и откријте што имаме подготвено за вас!


Бидете флексибилни, адаптибилни и прифатете промена

Без разлика во кој домен вашиот бизнис припаѓа - недвижностивозила и автомобили, електроника или бела техника, генералното правило за успешен раст и развој на компаниите е флексибилноста на своите сопственици, како и на менаџментот во поглед на промените.

На пример, доколку вашата компанија опстојува на пазарот подолго време, а во последниот период, растот не се води според она што сте го испланирале, или пак сакате да биде, тогаш сигурно е дека некаде грешите.

Една од грешките кои што сопствениците на бизниси ја прават е тоа што сметаат дека ако бизнисот се развива добро одреден период, дека така би бил и по 2, 3 или повеќе години.

Но, тоа е најчесто причината поради која голем дел од бизниси го губат чекорот со времето, а тоа значи дека кога-тогаш конкуренцијата ќе може да се зголеми до ниво на  непретпознатливост.

Затоа, следете ги трендовите кои ги налагаат големи индустрии на пазарот, прифатете промена, експериментирајте кога и да сте во можност со некои нови стратегии, и никогаш немојте да функционирате на ист начин како што сте започнале.

За новите бизниси, наша препорака би била да се стремите да го проучите пазарот, функционирањето на конкуренцијата, но, и да воведете новитети во работењето, бидејќи практикувајќи го овој начин на функцонирање, бидете сигурни дека успехот ќе ви биде загарантиран!

Совет: секогаш инвестирајте во континуирано стручно усовршување и дообразување на вашите вработени!


Искористете го интернетот и збогатете ја мрежата на клиенти

Во 21 век, успешните бизниси ги претставуваат своите понуди на интернет, креираат виртуелни интернет продавници, а тоа опфаќа огромен процент од речиси секоја индустрија за која што знаеме.

Освен доколку не сакате да живеете под "камен" и за профит кој што ќе ве оттргне од status quo-то сосема минимално, развивањето на бизнисот кога-тогаш ќе мора да го проширите и на интернет.

На тој начин, вашата компанија ќе може да прераснува во претпознатлив бренд, бројот на клиенти ќе може да се зголемува а тоа ќе се одрази позитивно и врз растот на вашиот бизнис, и се разбира, вашите приходи енормно ќе се зголемат.

Но, тоа не е се, бидејќи процесот подразбира и да биде активни онлајн поголем дел од времето, да креирате веб сајт / е-продавница, континуирана комуникација со клиентите и сл.

За ваша среќа, ова не мора да го правите самите, бидејќи Пазар3 Ви нуди можност да креирате онлајн продавница односно мини веб сајт на нашата платформа, на која постојат огромен број на продавници кои веќе успешно работат, и ги чувствуваат благодетите кои ги нуди Пазар3.

Од друга страна, нашиот професионален тим ќе Ви асистира при развојот на бизнисот преку најсовремените трендови и практики, a на вам ќе ви биде овозможено да ги следите статистиките бесплатно и во реално време.


Инвестирајте во маркетинг

Современиот маркетинг подразбира водење на блог, формирање и водење на е-маил кампањи, праќање на пораки преку Viber, и се разбира, присуство на најпознатите социјални медиуми како Facebook, LinkedIn, Twitter, Instagram, Pintrest, па дури и Tik Tok!

Една од најчестите грешки кои што многу нови, но и веќе постоечки погоелми компании ја прават е тоа што многу малку инвестираат во маркетинг, или пак, користат традиционални маркетинг опции како телевизија, радио и сл.

Традиционалните медиуми, во современото, дигитално општество многу малку се користат, а најдобар пример за тоа се весниците кои што веќе речиси и да не постојат.

Впрочем, иако сите знаеме за Coca Cola, сепак, компанијата имала вложено дури 4 милијарди долари во последните 6 години исклучиво само на реклами.

Затоа, најдобро би било да направите блог кој што ќе ви помогне при зголемување на онлајн присуството, да бидете активни на социјалните медиуми преку добро испланирана стратегија, и се разбира, емаил маркетинг бил, и уште долго време ќе биде во тренд, па затоа креирајте листа и понудете ги вашите производи на потенцијалните клиенти!

Благодарение на социјалните мрежи, како сопственик на бизнис, вие ќе можете да се стекнете со одлични партнери со кои би граделе цврста и долгорочна врска, но, и со клиенти чиј број постојано ќе се зголемува.


Креирајте "магнет" за потенцијални клиенти

Ова може да биде електронска книга, купон за попуст на одреден производ, презентација во видео или PDF формат во кои ќе бидат прикажани задоволните лица на клиенти кои веќе ги користиле вашето услуги - опциите се многубројни!

Во реализирање на оваа цел, голема улога ќе игра вашата е-маил листа, но, и дигиталните медиуми, и веб страната која пред се, треба да изгледа професионално.

Потоа, одржувајте го контактот со (потенцијалните) клиенти, барајте нивно мислење во поглед што треба да се смени од она што го нудите, што би требало да се додаде, но, и бидете спремни на критика наместо тоа да влијае лошо врз вашата самодоверба.

Исто така, креирајте и посебна програма за лојални потрошувачи кои ќе имаат одлични придобивки од вашиот бизнис, а тоа верувајте дека ќе ви се исплати на долг рок, бидејќи во пракса, податоците укажуваат дека бизнисите трошат 3 пати повеќе за да имаат продажба кон клиент.

На овој начин, вие ќе имате далеку подобра слика во поглед на барањата на клиентите, што точно бараат, кои работи би требало да ги избегнувате и сл.

Откако ќе го сторите тоа, вашиот бизнис ќе може да пронајде успешна насока по која ќе може да се движи, како и да опстојува на пазарот подолго време, а притоа да биде и успешен како што навистина сакате.


Пронајдете нови можности за ширење на бизнисот

Благодарение на модерното општествено живеење и функционирање, сега, бизнисите не мора да оперираат исклучиво само на една територија или град, туку брендот може да се шири и во соседните земји, или пак, да се соработува со странски клиенти од целиот свет.

На пример, ако започнете да ги користите услугите на Пазар3 како една од многуте продавници, вие ќе можете да го проширите и бизнисот и во соседните земји како Србија (www.mojtrg.rs), Црна Гора ( www.mojtrg.me), Албанија (www.merrjep.al), или Косово (www.merrjep.com).

Во секој случај, ве советуваме никогаш да не се стремите само да бидете фокусирани на само едно место, туку постојано да се надоградувате и постепено проширувате и на останатите пазари бидејќи колку што повеќе луѓе дознаат за вашиот бренд, толку поголеми се шансите да се истакнете од конкуренцијата и да земете парче од маркет просторот.

Покрај ова, добра практика би било да ја зголемите понудата, или пак, да креирате посебна понуда за тој дел од маркетот, бидејќи не сите купувачи имаат буквално исти барања и потреби во доменот во кој што припаѓа вашиот бизнис.


Практикувањето на горенаведените совети ќе може драстично да ја подобри работата на вашиот бизнис, без разлика дали се работи за мал, среден или голем бизнис, бидејќи нивната примена ќе ве одвои од конкуренцијата, а тоа значи и успешна транзиција од стандарден бизнис до бренд!

Како и секогаш, така и во иднина, Пазар3 ќе настојува да ви понуди одлични решенија и совети од секаква категорија, па останете со нас, и следете ги и следните статии кои ви ги подготвуваме!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации