Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

tourism in macedonia - ideas for summer vacation in 2021


Туризам во Македонија - предлог дестинации за лето 2021


Македонија е можеби малечка држава, но, сепак, нашата земја е позната по својата архитектура, богатата природа и природни езера кои не прават одлична дестинација за туризам како за странците, така и за нас, граѓаните, особено во овие времиња кога ситуацијата со пандемијата постојано се менува.

Доколку сакате да останете во Македонија, а сепак, да имате чувство дека престојувате некаде во странските земји, тогаш дозволете ни да ви понудиме топ дестинации за туризам во Македонија кои вредат да бидат посетени од ваша страна!


Комплекс Бела Вода

Сместена во срцето на Малешевијата, Бела Вода е етно-туристички комплекс кој што се наоѓа на приближно 35 км од Струмица и 25 км од Берово, а ова место може да ви ги наполни батериите како што отсекогаш сте сакале!

Чистиот воздух, преубавата и живописна природа, како и многубројните културни знаменитости, цркви и манастири, и реки се одлична прилика за секој граѓанин кој што сака да остане во Македонија, но да има чувство како да е во друга земја!

На ваше располагање стои и тн населба Суви Лаки која што се протега на 80 хектари земја, која ја сочинуваат околу 500 викендици, 2 детски одморалишта, но и многубројни куќи и вили кои ќе ви гарантираат удобен смештај и прекрасен поглед!

Во поглед на храната и цените за сместување, бидете  сигурни дека вкусот на традиционалната храна ќе ве воодушеви како никогаш досега, а тоа се должи на готвачите чиј што квалитети ќе направат да посакате уште еднаш да го посетите ова место во блиска иднина!

Сместувањето пак, од друга страна, не е ниту скапо, а не мора ниту да биде бидејќи Пазар3 ви стои на располагање, а се што треба да направите е да објавите оглас кој што ќе биде виден од многубројни посетители, од кои голем број би биле и сопственици на живеалишта и сместувачки капацитети токму во овој комплекс!

Пред да прејдеме на следното туристичко место, би сакале да ве известиме дека во овој комплекс ќе можете да имате одлична авантура и со јавање на коњи, на кратки и долги релации, па затоа,  не двоумете се и дајте му шанса на комплексот Бела Вода!


Радожда

Радожда е едно од најубавите места во Македонија кое што е лоцирано во крајниот југозападен дел на Македонија, во близина на Струга, бидејќи ова рибарско село нуди мир, хармонија, како и спој на традиционална храна и прекрасни сместувачки капацитети кои ќе ви бидат гаранција за одличен одмор.

Ова место е одлично за фамилии со деца кои што не сакаат бучава, туку спокојност со најблиските додека уживаат во езерските води, погледот, и одличните локации за посета од кои најмногу се издвојува селската црква Свети Никола која датира уште од 18 век и црквата Свети Архангел Михаил која е направена во 14ти век.

Покрај црквите, во Радожда постои и друга знаменитост а тоа е зачуваниот дел од познатата Виа Игнација која минувала преку Албанија и Македонија, и се разбира, карпата која е лоцирана над селото со височина од околу 70-80 метри!

Но, според нас, најдоброто нешто кое што Радожда може да ви го понуди е воодушевувачкиот поглед на тиркизната вода, зајдисонцето и традиционално подготвените рибни специјалитети кои ќе ги задоволат апетитите дури и на најголемите критичари!


Коњско (Ресенско)

За ваша информација, постојат 3 села именувани како Коњско во Македонија, од кои две се сместени во Охрид, а едно од нив е во преспанскиот дел - за кое што во моментов зборуваме, иако сите 3 се наоѓаат во близина, а единственото нешто кое што ги одвојува е Галичица.

Селото Коњско е оддалечено од Ресен на само 32 километри, и е во близина на соседните села Стење на северозапад и Туминец на Југозапад, а овој скриен бисер го заслужува вашето присуство бидејќи она што го добивате за возврат е мир, спокој и фантастичен поглед кон островот голем град и Преспанското езеро!

Покрај ова, Коњско датира уште од 18 век, а во минатото, ова село било популарно преноќиште од страна на рибарите од преспанските крајбрежни села, па оттаму, го добива и името од зборот "конак" поради примарната цел.

Денеска, ова е село исполнето со многубројни викендици, и е поврзано со Стење преку шумскиот пат, што значи дека имате одлични опции за прошетка во соседните села, но и во самото село кое што излегува на самото езеро.

Кога стнува збор за културните наследства и облежја, во Коњско ќе можете да ги посетите црвките Св. Илија, Св. Никола, како и црквата Св. Петар и Павле која што е пештерска црква, или пак археолошките наоѓалишта Бљудо, Старо Село,  и Голем Град.


Село Зовиќ

Селото Зовиќ е оддалечено на 52 км од Битола, а патот до ова село е лесен и прооден благодарение на асфалтниот пат кој што ќе ви овозможи да пристигнете навреме, и да имате можност да проследите што овој дел од Македонија може да ви понуди!

Интересно за ова село е што во минатото не било познато под денешното име, туку под името Лениште, а историската локација била оддалечена 500 метри од денешната.

Денеска, село Зовиќ е уникатно по својот камен мост по кој можете да стигнете пеш, бидејќи не е воопшто далеку од центарот ( ~300 метри), но и по воденицата која што е изградена од камен и покриена со плочи изработени од камен.

Под мостот, се наоѓа и убавата Градешка река која што ќе ве разлади од горештините во летниот период, па доколку сакате да го промените начинот на летување оваа година, тогаш посетет го Зовиќ бидејќи нема да зажалите!


Кочанско езеро

Кочанското езеро, познато и како Гратче е сместено во подножјето на Осоговските Планини, на само 6 километри северно од Кочани по асфалтиран пат кој што ќе ве доведе до ова во најмала рака речено, магично место.

Езерото Гратче е долго 3 км, широко 2.5 км, а на западниот брег е сместен и популарниот хотел "Градче" кој што покрај сместувачките капацитети, ќе ви понуди и одличен поглед кон езерто и окружувањето.

Кога веќе го споменавме окружувањето, во близина на вештачкото езеро, ќе можете да најдете и водопад кој што настанал на невообичаен начин.

Доколку се прашувате како, одговорот е навистина чуден!

Додека се градела помошната брана од камени блокови со цел да се спречи нагло надоаѓање на вода кон тн место Рамна скала, помошната брана започнала да се полни со почва, а природата како и секогаш, му пркоси на човекот со својата инспирација, па така се формирал и водопад.


Македонија има уште многу места кои може да ви ги понуди, а за кои не сте знаеле или пак не сте ги посетиле досега, па доколку ви се допаѓаат гореспоменатите места, не одолговлекувајте и посетете ги кога ќе бидете во можност!

За повеќе вакви препораки и совети, следете го нашиот блог, бидејќи Пазар3 секогаш ќе биде тука за вас за да ви понуди решенија за најразлични тематики!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации