Објавени: ноем. 13 2023 10:20

СЕ ИЗДАВА РЕСТОРАН ДЕЛИКАТЕС

Објавени: ноем. 13 10:20
Прегледи: 151
Се издава целосно опремен угостителски објект ресторан Деликатес на улица Туристичка зграда Ремис 2 локал 8 6000 Охрид. Објектот е со големина од 30 м2 и терасно предпросторно место од 9м2. Влезот или погледот на објектот е на булевар Туристичка директно на пешачкиот премин наспроти Скалеста зграда, во непосредна близина на, во лето најфреквентната автобуска станица, од каде тргнуваат автобуси и комбиња кон плажите, Објектот, према бројот на седишта е со категоризација Гостилница.
Во непосредна близина се наоѓаат експозитури на банки, козметички салон, програмерско биро, сметководствено биро, аптека, биро за графички дизајн, адвокат и други помали бизниси, кое местото го прави прилично фреквентно.
Објектот поседува еден санитарен чвор, а предниот т.е. влезниот дел е опремен со специјална дограма која во зима функционира со една влезна врата, а истиот во летно време целосно се отвара, така што внатрешниот и надворешниот дел се поврзуваат без никаква препрека. Вклучени се вкупно 24 седишта, распределени на 9 маси во летна или отворена состојба, или 4 - 5 маси со околу 13 седишта во внатрешниот дел и 4 маси со 8 седишта во надворешниот дел во зимски или одделена состојба.
Апарати и опрема:
1. Кујна
– плинска скара (80x40cm) со резервни 3 боци (10-ки), редовно сервисирана
– мал плински шпорет со 3 места
– електричен шпорет со рерна
– две електрични фритези
– миксер
– микробранова печка
– два фрижидери за длабоко
– еден фрижидер комбиниран
– еден фрижидер за оддржавање
– долга работна маса
– кратка работна маса (над шпорет со рерна)
– кујнска вага
– полици и долапи за садови, тенџериња и сл.
– мијалник
2. Шанк
– машина за еспресо
– апарат за нес кафе
– фрижидер комбиниран
– видео: LCD телевизор
– аудио: засилувач со 2 звучници во внатрешниот дел и плус два помали звучници во надворешниот дел, поврзани со мал систем за FM радио и телевизор.
– фрижидер за пијалоци со стаклена врата
– полици и регали за пијалоци со капацитет
– две мали фиоки
– полици за чаши со капацитет 24 високи и 12 ниски шишиња
3. Ресторански простор
– спуштен таван со тавански штедливи LED светилки
– закачалка
– урамени слики
– еден висечки лустер
– два ѕидни амбиент лустери
– клима уред инвертер 3.5 kW
– ормани за чаршафи и друга остава
– опционално: фискална каса
Историја: Ресторан Деликатес е фамилијарен бизнис кој е основан во 2003 година и непрекинато успешно работи преку 20 години.
Опции за изнајмување:
1. Деловниот простор може да се изнајми со комплетниот инвентар и продажба на фирмата, со што може да се заштеди на административни трошоци. Долгогодишните и успешни фирми многу полесно добиваат кредити.
2. Ресторанот со комплетниот инвентар може да се изнајми и без купување на фирмата.
3. Опционално, доколку изнајмувачот сака да го задржи постоечкиот начин на работа и менито со долгогодишно градените, развивани и усовршувани специјалитети, може да добие обука, која дополнително би била договорена.
Датум на изнајмување:
Објектот стои на располагање од 1 Мај 2024.
Контакт: Петрески Цане
Телефон: +389 71 531 504
E mail: [email protected]
Google map: https://maps.app.goo.gl/pqGkXApYUZ33rnLUA
За подетални прашања и информации може да се обратите директно во Ресторан Деликатес од понеделник до сабота од 08:00 до 20:00 часот.

Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
151

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации