Објавени: јан. 22 2024 03:02

КООРДИНАТОР НА СТАНБЕНИ ЕДИНИЦИ ЗА 24 ЧАСОВНА ПОДДРШКА

Објавени: јан. 22 03:02
Прегледи: 42
Краен рок

05.02.2024 // Работниот ангажман започнува: 10ти февруари 2024



За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвораме повик за:



Позиција: Координатор на 3 станбени единици за живеење со 24 часовна поддршка во Скопје



Работни часови: Целосно работно време (40 часа неделно)



Вид договор: Привремен договор со посебни услови



Позадина:

ЦМА КРИК е приватен давател на социјалната услуга живеење со 24 часовна поддршка на лица со попреченост. Моментално координира 3 станбени единици каде живеат 15 корисници. Кон крајот на 2024 година се очекува отворање на 4та станбена единица.



Опис на работно место ( Координатор) (1 позиција)



Ја координира работата и врши стручна работа во насока на ефективно, ефикасно и економично работење, и реализација на поставените цели и надлежности на одделот.



Должности и одговорности:



Ја насочува, обединува и координира работата на вработените и ги распоредува работните задачи на вработените во 3 станбени единици

Ја координира севкупната логистика која е потребна да се организира за да станбените единици функционираат секојдневно и ги опслужуваат услугите на корисниците.

Го прати интелектуалниот, психомоторниот и социјалниот развој како и можностите за работно окупационо ангажирање на корисниците и изготвува годишен и месечен план за работа на членовите од стручниот тим за третман на корисниците.

Ја следи почетната адаптација на корисникот и се грижи за одржување на добра здравствена состојба

Води уредна, стручна дневна евиденција за извршените работни задачи, подготвува месечен и годишен извештај за работата

Спроведува дефектолошки, рехабилитациски и корективен третман.

Носител е на програмската едукација за формирање на навики кај корисниците со тешка и најтешка интелектуална попреченост за изведување на основните активности од кругот на билошките, физиолошките и хигиенските потреби, па се до вклучување во воспитно – работни активности со постојан надзор и поттикнување.



Изготвува:

-Распоред за вработените во станбените единици (негувателите)

-Ја следи работата на негувателите и се осигурува дека работните задачи се квалитетно исполнети

-Решава конфликти помеѓу негувателите и предлага промени во начинот на работа

-Проверува дневни извештаи напишани од страна на негувателите и работи согласно реалната ситуација која е настаната

-Наод и мислење на стручен тим за состојбата на корисниците и понатамошен третман

-Ја следи работата и прогресот кој корисникот на социјална заштита го има

-Во постојан контакт е со Центрите за социјална работа, старателите и семејството каде постои

-План и спроведување на набавки на се што е потребно во станбените единици

-Во контакт е со матичниот лекар, специјалисти и останати стручни лица кои се вклучени во лекувањето и одржувањето на здравствената состојба на корисниците

-Ги носи корисниците на закажани и итни лекарски прегледи



Место на извршување на работните обврски: канцеларија на ЦМА Крик во Црниче и местото каде станбените единици се лоцирани (Аеродром).



Почеток на работата: Почеток на февруари 2024 година



Почетна плата: 30 000 мкд



Потребни квалификации:



да биде државјанин на Република Северна Македонија

активно да го користи македонскиот јазик

да имаат општа здравствена способност за работата

со правосилна судска одлука да не е осуден на забрана за вршење професија, дејност или должност

да има искуство во работа со лица со попреченост

да има добри координативни и организациски способности

Високо образование во областа на: Социјална работа, психологија или специјална едукација, право, логопедија или педагогија се смета за предност. Ги охрабруваме и другите профили да аплицираат.



Како да се аплицира:



Ве молиме, испратете CV и мотивационо писмо на е-адресата: [email protected]



Насловот треба да ја наведува позицијата на работата и вашето име Пр. Координатор Петар Петровски. Апликациите поднесени во други форми нема да бидат разгледани.



Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани. Сите кандидати се охрабруваат да аплицираат. Рокот за пријавување е до 05.02.2024 година. Кандидатите ќе бидат повикувани на интервју во текот на рокот за пријавување, така да ве охрабруваме да аплицирате веднаш чим изразите интерес како позицијата не би се пополнила.



Основни информации:

Полно работно време или 40 часа неделно (од понеделник до петок од 8 или 9 до 16 или 17 часот. Можна работа за викенд или надвор од работно време по потреба.



Што нудиме:



Флексибилна работна средина

Тим спремен да ве поддржи во работата

25 дена годишен одмор

Патувања во странство на работни состаноци и обуки

Можност за ангажман со вработување или хонорарен ангажман (според потребите на кандидатот)

Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
42

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации