Оглас од претпријатие Објавени: септ. 06 2022 02:27

Se baraat Magacioner i Sofer vo Vizbegovo

Објавени: септ. 06 02:27
Прегледи: 33
Главен магацин Визбегово се наоѓа на Качанички пат, до бензинската на Макпетрол

НУДИМЕ:
- Редовно вработување со сите придонеси
- Редовна месечна плата и солидни примања
- Исплата на К-15
- Годишни бонуси и зголемување на плата по заслуга
- Работно време во една смена 08:00-16:00h


МАГАЦИОНЕР - Основни работни обврски:
- Подготвува нарачки за издавање на производи од магацинот (патнички и камионски гуми)
- Ја евидентира документацијата и ја потврдува количината на производите наведени во документите при прием и при излез на производите
- Товарање и растоварање на гумите што се внесуваат и се издаваат од магацинот
- Ја контролира и ажурира состојбата на залихите во магацинот
- По упатство на главниот магационер ги пренесува и средува гумите во магацинот
- Врши подредување и обележување на гумите
- Одржува ред и организираност во магацинскиот простор

Квалификации:
1. Одговорност во извршување на работните задачи
2. Прецизност и ажурност во работата
3. Возачка дозвола Б-категорија ќе се смета за предност
4. Основни познавања во работа на компјутери ќе се сметаат за предност

ШОФЕР - Основни работни обврски:
- Ја прегледува документацијата и ја потврдува количината на производите при товарење и растоварање на производите од возилото (патнички и камионски гуми)
- Товарање и растоварање на производи што се внесуваат во возилото за дистрибуција
- Дистрибуција низ Македонија по претходно утврден неделен распоред
- Од едно до максимум пет места на дистрибуција на дневно ниво
- Појдовна точка главен магацин Визбегово

Квалификации:
1. Одговорност во извршување на работните задачи
2. Прецизност и ажурност во работата
3. Возачка дозвола Б или Ц категорија

Заинтересираните нека ни испратат CV на
[email protected]
Опис на линк

PNEUMATIK

ПНЕУМАТИК располага со четири сопствени услужно-продажни објекти во Скопје, еден во Битола и еден во Тетово. Сите објекти се опремени со најсовремени машини и посебно обучен кадар кој ќе ви помогне во најкус можен рок да ги надминете и решите сите проблеми поврзани со вашите пневматици.
ПНЕУМАТИК e официјален застапник за GOODYEAR, DUNLOP, PIRELLI, MICHELIN, CONTINENTAL, COOPER, FULDA, SAVA, KLEBER, RIKEN, TIGAR, DEBICA, BKT и SAILUN. Екслузивен застапник е за алуминиумски фелни од програмата на светски познатите OZ-RACING.
Посети ја страната на нашата продавница
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно

Продавач

ПНЕУМАТИК располага со четири сопствени услужно-продажни објекти во Скопје, еден во Битола и еден во Тетово. Сите објекти се опремени со најсовремени машини и посебно обучен кадар кој ќе ви помогне во најкус можен рок да ги надминете и решите сите проблеми поврзани со вашите пневматици.
ПНЕУМАТИК e официјален застапник за GOODYEAR, DUNLOP, PIRELLI, MICHELIN, CONTINENTAL, COOPER, FULDA, SAVA, KLEBER, RIKEN, TIGAR, DEBICA, BKT и SAILUN. Екслузивен застапник е за алуминиумски фелни од програмата на светски познатите OZ-RACING.
071368321
33
02/3245-680

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации