Објавени: апр. 19 2019 12:38

Defektolog logoped psiholog pedagog

Објавени: апр. 19 12:38
Прегледи: 72
Бараме личен асистент (персонален асистент) за 6 годишно девојче да биде придружувано во градинка. Девојчето не зборува и нема прецизна дијагноза. Не е агресивно, ретко боледува и во најголем дел од времето се смее и многу сака да се гушка.
Единствено проблематичен аспект е што не зборува и кога има некоја потреба не може да се искаже и тогаш настанува плачење и евентуално пискање. Воспитувачките не сакаат да се соочуваат со ваква состојба и бараат да ја одстраниме од градинката. Поради тоа ни е потребен асистент кој ќе се грижи за детето и ќе го вклопи во тековните активности во градинката.
За почеток ангажманот би бил за 4 часа секој работен ден (од 9 до 13 часот). Доколку одлично се вклопат со детето, ангажманот би бил подолготраен, со полно работно време, како и за во иднина кога детето ќе тргне на училиште.
Пожелно е да биде жена со вакво искуство. Дефектолог, логопед или психолог, но најодлучувачки е да биде особа што сака деца и секако има личен афинитет да допринесе во развој на едно детенце кое има потешкотии.
Доколку личниот асистент одлично се вклопи со детето и има видни резултати на напредок, ние како родители адекватно ќе јас покажеме нашата благодарност и соодветно ќе наградиме.
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
72
070672602

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации