Објавени: апр. 05 2019 02:14

POTREBA OD VRABOTEN PROEKTANT VO PRODAZBA

Објавени: апр. 05 02:14
Прегледи: 14
Реномираниот Салон за мебел “Дизајн МОДЕРНО +” со седиште на ул. Сава Ковачевиќ бр. 47 в лок. 4 во нас. Кисела Вода, има потреба од нов вработен ПРОЕКТАНТ – ПРОДАВАЧ на неопределено вработување, со работно време: понеделник – петок од 10ч – 18ч и сабота од 09ч – 16ч, со следните работни предиспозиции:

- Средно/Факултетско образование кое е соодветно на потребата за работа со дизајн на ентериер и своевидно негово пласирање – продажба на клиенти;

- Одлична работа со програми за дизајнирање на ентериер (кујни, дневни соби, спални соби, детски соби) од типот на SolidWorks, PRO 100, Archi Cad, Auto Cad, итн.

- Photoshop или други програми за дизајнирање на флаери и рекламен материјал
- Познавање на англиски јазик;

- работа со компјутер – одлично познавање на MS Office пакет

- Познавање на маркетинг стратегии со цел доследно рекламирање на Салонот на социјалните мрежи, форуми, интернет и во секојдневието

- Комуникативна личност, елоквентна, со добро познавање на работата од сферата на дизајн на ентериер, познавање на материјалите кои се користат за изработка на ентериер, енергична личност со позитивен став, трпелива во комуникацијата со клиентите, личност со убедувачки вештини;

- Работно искуство во наведената област ќе се смета за предност
Заинтересираните кандидати кои што ги исполнуваат наведените услови, својата биографија – ЦВ и Мотивационо писмо да ги достават на меилот [email protected]

Соодветните кандидати ќе бидат повикани на интервју во просториите на Салонот за мебел “Дизајн МОДЕРНО +”
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации