Оглас од претпријатие Објавени: ноем. 28 2024 09:23

МЕНАЏЕР ЗА ИСПОРАКИ И МОНТАЖИ

Објавени: ноем. 28 09:23
Прегледи: 155
СЕРВИС МАКЕДОНИЈА, е овластен сервис на апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, со развиена професионална сервисна мрежа низ целата земја. Поради проширување и зајакнување на тимот, вработуваме:

МЕНАЏЕР ЗА ИСПОРАКИ И МОНТАЖИ

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

Завршено високо образование од областа на техничките науки
Претходно работно искуство во менаџирање на тим и односи со клиенти
Напредно познавање на MS Office и работа со компјутер
Познавање на англиски јазик
Возачка дозвола Б категорија
Одговорност, систематичност и организираност
Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија
Способност за работа со временски рокови

Одговорности и работни задачи:
Доделување, следење и контрола на премиум испораки и налози за монтажа на клима уреди
Организирање, водење, контрола на екипите за монтажи на клими и премиум испорака (вработени во СМ)
Комуникација, организирање, водење, контрола на екипите за монтажи на клими (надворешни соработници)
Одржување на квалитетна услуга
Исполнување на роковите од договорените налози и испораки
Комуникација со клиенти, примање на поплаки и забелешки
Спремање извештаи месечни, квартални и годишни
Одржување и надополнување на мрежата на надворешни соработници

Што нудиме?
Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
Континуирана обука
Работно време: 08:00 – 16:00

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето за аплицирање или на мејл: vrabotuvanje@servismakedonija.mk . Огласот е активен до 08.12.2024
Опис на линк

Сервис Македонија

Ние сме компанија која се занимава со сервисирање на бела техника, мали апарати и ТВ и аудио опрема.

Во нашето десетгодишно постоење се надоградуваме и дополнуваме со знаења и луѓе со кои создадовме професионална сервисна мрежа низ целата земја.

Започнавме како сервис за BEKO, пред десетина години, и прераснавме во сервис кој обединува повеќе брендови, меѓу кои светски познатите: SAMSUNG, LG и Whirlpool.
Освен сервисирање и техничка поддршка, нудиме и продажба на резервни делови за вашите уреди, по најповолни цени.
Секогаш вложувајќи во иднината, со акцент на клиентот – секогаш во центарот на вниманието слободно можеме да кажеме дека сме најдобри во нашата област.

Нашата сервисна мрежа составена од професионалци нуди покриеност на целата територија. Се што треба да направите е да се јавите кај нашите оператори и тие ќе ви обезбедат сервис на вашите уреди во вашиот дом или превземање во најблискиот сервисен центар.
Сервисни центри се достапни во: Тетово, Гостивар, Куманово, Кичево, Охрид, Ресен, Велес, Прилеп, Битола, Крушево, Струмица, Кавадарци.
Уредите во гаранција исто така можат да се достават до најблиските салони на НЕПТУН од каде ќе бидат превземени за сервисирање.

Посети ја страната на нашата продавница

Јадранска Магистрала, бр.14 Прикажи на мапата

025511777

https://www.servismakedonija.mk/

Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно

Продавач

Ние сме компанија која се занимава со сервисирање на бела техника, мали апарати и ТВ и аудио опрема.

Во нашето десетгодишно постоење се надоградуваме и дополнуваме со знаења и луѓе со кои создадовме професионална сервисна мрежа низ целата земја.

Започнавме како сервис за BEKO, пред десетина години, и прераснавме во сервис кој обединува повеќе брендови, меѓу кои светски познатите: SAMSUNG, LG и Whirlpool.
Освен сервисирање и техничка поддршка, нудиме и продажба на резервни делови за вашите уреди, по најповолни цени.
Секогаш вложувајќи во иднината, со акцент на клиентот – секогаш во центарот на вниманието слободно можеме да кажеме дека сме најдобри во нашата област.

Нашата сервисна мрежа составена од професионалци нуди покриеност на целата територија. Се што треба да направите е да се јавите кај нашите оператори и тие ќе ви обезбедат сервис на вашите уреди во вашиот дом или превземање во најблискиот сервисен центар.
Сервисни центри се достапни во: Тетово, Гостивар, Куманово, Кичево, Охрид, Ресен, Велес, Прилеп, Битола, Крушево, Струмица, Кавадарци.
Уредите во гаранција исто така можат да се достават до најблиските салони на НЕПТУН од каде ќе бидат превземени за сервисирање.

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации