Објавени: дек. 11 2022 04:52

Барам блогери

Објавени: дек. 11 04:52
Прегледи: 28
Барам блогери.

Не е потребно искуство. Јас ќе те обучам за се што треба да правиш (веќе имам разработени процеси што сметам дека се прилично лесни за пратење а резултираат со солидна содржина).

Единствен критериум е познавање на Англиски јазик, ми треба да е на ниво 10/10.

Правиме кратко интервју, ако сме добар фит почнуваме најскоро што можеме.

Можеш да работиш од каде сакаш. Првите неколку сесии од обуката најдобро е да бидат лично, потоа правиме само кратки видео повици или чатаме на slack за координација.

Ми требаат луѓе за подолг период, и затоа исплатата е на следниов начин:

- првите 50 артикли: 1500 МКД по артикл
- артиклите 51-100: 2000 МКД по артикл
- артиклите 101 и понатаму: 2500 МКД по артикл

Исплатата е лично, во кеш.

Мене лично ми требаат 4-6 часа да изработам еден артикл, би требало и ти да стигнеш до тоа ниво за неколку недели.

Имам многу наслови за артикли, така да можеш да работиш речиси колку сакаш.

Ќе очекувам барем 3 артикли неделно, пожелно е и повеќе.

Првичната тема е електрични возила, понатаму веројатно и други технологии.

Барајте ме на Вибер +38978554947 или на [email protected].
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
28

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации