Оглас од претпријатие Објавени: фев. 05 2019 01:35

Se bara graficki dizajner

Објавени: фев. 05 01:35
Прегледи: 75
BAZARO DOO, најголемиот регионален малопродажен ланец за домаќинство, поради отворање на позиција во тимот за маркетинг и управување со производи, распишува оглас за вработување на:
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
• Соодветно образование
• Познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign, Adobe Premiere, Adobe After Effects
• Одлично познавање на англиски јазик
• Претходно работно искуство на иста или слична позиција
• Солидно познавање на MS office пакет
• Како предност ќе се земе искуство со изработка на landing страни
Одговорности и работни задачи:
• Дизајн и графичко уредување на рекламните материјали, летоци и останати маркетинг и промотивни материјали
• Дизајн и продукција на веб банери за веб страната на Друштвото
• Создавање креативен визуелен приказ на дизајнот (story board)
• Обезбедување фотографии со висока резолуција, информации и материјали и нивно прилагодување за дизајн
• Подготовка и проследување на податоци до соодветната печатница и проверка на квалитетот на печатењето
Што нудиме?
• Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
• Континуирана обука и можност за напредување;
• Работно време: 08:00-16:00
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [email protected], со назнака: “Оглас за Графички дизајнер”
Огласот е активен до 28.02.2019 година.
Општи правила за аплицирање:
• Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
• Назнака на позицијата за која се аплицира
• Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во BAZARO DOO или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Опис на линк

BAZARO DOO

Bazarо е ланец на продажни салони кои во секое време ви стојат на располагање со широк координиран функционален и стилски производен асортиман. Нашата визија во Базаро е да креираме концепт за ваш поубав секојдневен живот, додека нашиот деловен концепт ја подржува оваа визија преку нудење на широк асортиман на производи кој ќе го разубави вашиот живот со цени што секој може да ги дозволи, без притоа услугата да биде запоставена. Затоа, ние сме секогаш во потрага по квалитетен и услужлив ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ на кои задоволството на посетителите ќе им биде примарна цел. Вашата кратка биографија можете да ја испратите на следната е-маил адреса: јо[email protected]
Посети ја страната на нашата продавница
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно

Продавач

Bazarо е ланец на продажни салони кои во секое време ви стојат на располагање со широк координиран функционален и стилски производен асортиман. Нашата визија во Базаро е да креираме концепт за ваш поубав секојдневен живот, додека нашиот деловен концепт ја подржува оваа визија преку нудење на широк асортиман на производи кој ќе го разубави вашиот живот со цени што секој може да ги дозволи, без притоа услугата да биде запоставена. Затоа, ние сме секогаш во потрага по квалитетен и услужлив ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ на кои задоволството на посетителите ќе им биде примарна цел. Вашата кратка биографија можете да ја испратите на следната е-маил адреса: јо[email protected]
Samoilova 140/2 +38923226232 https://www.facebook.com/Bazaro.mk/

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации