Македонски | Shqip | English |

Домашна помош и чистење - Пазар3 огласи

Во оваа категорија на Пазар3.мк се огласуваат услуги за помош, чистење и одржување на домови и деловни простории. Активни се огласи за чистење и одржување на станбени и деловни објекти од страна на физички лица и компании. Разгледајте ги сите огласи и пронајдете ја соодветната услуга за Вашите потреби.


Домашна помош и чистење на станбени и деловни објекти - Пазар3 огласи

Доколку Ви е потребна некаква помош за одржување на домаќинството, Пазар3 Ви овозможува да ја пронајдете на брз и едноставен начин. Сите видови на услуги за помош во домот или одржување на деловни објекти ќе ги најдете на едно место - во категоријата "Домашна помош и чистење".

Чистење на домови и станбени објекти

Модерното секојдневие исполнето со голем број на обврски, не остава доволно време за домашните обврски како што е перење теписи, бришење прозори, детално чистење на мебел и слично. Поради тоа, голем број на домаќинства имаат потреба од ангажирање на личност која ќе им помогне во секојдневните обврски.

На Пазар3 се нудат следниве услуги за помош низ домот:

- перење теписи и килими

- чистење со Kirby

- чистење и перење со Rainbow машина

- хемиско чистење на тапациран мебел

и многу друго!

Професионално одржување на деловни објекти

Ангажирајте професионална фирма за чистeње на Вашите деловни објекти брзо и едноставно преку Пазар3.мк!

Голем број на професионални, докажани фирми за чистење на деловни простории, канцеларии, ресторани, хотели, пекари, магацини и сл. своите услуги ги нудат на Пазар3.

Дел од нивните услуги се:

- машинско чистење на секакви видови на подови

- хемиско чистење на тапациран мебел и теписони

- чистење стакла и излози на достапни и недостапни височини

- одстранување на тврдокорни нечистотии на дворови и паркинзи

и многу друго.

Дезинфекција, дезинсекција и дератизација - Пазар3 огласи

Имате проблем со лебарки, бубашваби или глувци? Ангажирајте професионалци за решавање на проблемот!

Ефикасни и ефтини служби за дезинфекција, дезинсекција и дератизација ќе најдете на Пазар3.мк! Тие нудат темелно чистење на просториите и заштита од лебарки, бубашваби, мравки, болви, глувци, стаорци, и друго.




Кон почеток