Македонски | Shqip | English |

Огласи за продажба на секаков вид на мото опрема

Продажба на кациги и заштитна облека за моторциклисти! Во оваа категорија на Пазар3 ќе најдете огласи за продажба на: мото облека (панталони, палто, кожно одело), штитници за колена и подколена, кациги, ракавици, motocross чизми, и секаков друг вид на мото опрема и облека.

На сите моторциклисти им се препорачува да користат заштитна опрема, како: заштитна јакна, одело, штитници за колена, чизми, очила и други додатоци, со цел нивната безбедност и безбедноста на лицата кои се превезуваат на мотоцикл да остане на највисоко ниво.


Кациги за мотор

Кацигата претставува задолжителна опрема која секој моторциклист треба да ја поседува. Заштитната кацига го намалува ризикот од здобивање на повреди на главата и во исто време ги заштитува мотоциклистите од ветар, прашина и дожд, што овозможува мотоциклистот безбедно да управува со моторот.

 

На Пазар3.мк се достапни огласите за продажба на нови и половни кациги.

Тука може да најдете висококвалитетни кациги за мотор (flipp-up, full face kacigi, отворени) и детски кациги од разни брендови по поволни цени.  

Кон почеток