Shpallja e kompanisë Publikuar: Pri 26 2024 09:51

Bukefal AS prodava kuki vo luksuzen zatvoren kompleks vo Sk

EUR

Publikuar: Pri 26 09:51
Shikime: 544
Агенцијата за недвижности Букефал АС , продава куќи за колективно домување во затворен комплекс во Скопје ...

Моменталната состојба на куќите кои се слободни за продажба е затворена карабина. Затворена карабина значи куќа од тврда градба (армирано бетонска конструкција) со надворешни врати, прозори, кров, фасада 10cm со камена волна, приклучок за електрична енергија, водовод, канализација, приклучок со геотермална вода за ладење и греење, оптички кабел за интернет и ТВ).

Секоја куќа е изведена на два ката од по 80м2 по кат, или вкупно резиденцијален простор од 160м2. Дополнително, секоја куќа има и гаража од 55/60м2, плус горна тераса од 16м2 и тераса на приземјето од 40м2. Ова (терасите и гаражата е плус од внатрешниот простор од 160м2.

Внатрешното уредување на куќата се прави по Ваша желба. Вие одлучувате за број и распоред на соби и тоалети, бањи, нивна поставеност, како и избор на плочки за санитарии, кујна и сл. Внатрешното уредување е пресметано на 35.000 еур и вклучува: изведба на преградни ѕидови, внатрешни врати, водовод, одвод, комплетна електрика, плочки и санитарија, систем за ладење и греење на база на геотермална вода, оптика и друго. Јас лично безбедувам мајстори за да ги изведат сите потребни работи во внатрешниот дел ( мајсторите се пресметани во цената од 35.000 ЕУР) и го мониторирам процесот на изведба, секако во комуникација со Вас. Изборот на материјали го вршите Вие а јас можам да Ве препорачам кај прва рака увозници кои одобруваат озбилен рабат за високо квалитетни материјали.

Со купување на куќата се добива имотен лист за споменатите м2 (160 м2+ 50м2 + 40м2 +16м2) и втор имотен лист за сопственост на земјиштето 11.000м2. Во цената е вклучена и сопственост на целата спортско-рекреативна инфраструктура (базен, терен за одбојка, терен за кошарка, игротека за деца, заеднички простор од 120м2, летна кујна, тереса на отворена теретана и друго. Месечните трошоци за одржување на заедничкиот дел се пресметани на цирка 90 еур по куќа.

Ова се базични информации кои се надевам дека ќе Ви бидат од корист. Доколку сте заинтересирани Ве поканувам во живо да ги погледнете куќите кои се слободни и останатата инфраструктура. Гледањето е секако без обврски и за мене и за Вас .

РЕЗИМЕ
Затворена карабина 175.000 еур + внатрешно уредување 35.000 еур = 210.000 еур клуч на рака и куќа која е целосно по ваш критериум со споменатата квадратура, + заедничките простори и спортски терени, базен и други рекреативни содржини во комплексот

Комплексот е простор за колективно домување од затворен тип. Населбa за среќни луѓе со здрави навики каде безбедноста за купувачите и нивните деца се врвен приоритет. Населбата се протега на вкупна површина од 13.000m2.

Во комплексот позиционирани се вкупно 10 индивидуални куќи.
Куќите се продаваат во фаза на затворена карабина (приклучоците за вода, канализација, струја и геотермалнa вода се вклучени). Внатрешното уредување во секоја куќа е во сопствена режија.

Секоја куќа располага со:
• 160 m2 на два ката
• 40 m2 индивидуална тераса
• 50 m2 гаража и магацински простор

Заедничкиот простор  е уникатно архитектонско дело со внатрешна површина од 80m2 и тераса од 120m2, опремен со два тоалета, мини кујна, складишен простор,  инвентар и техничка опрема.
Предвиден е за секојдневно користење, социјализација или за организирани настани од страна на станарите на комплексот  

Научно е докажано дека децата кои растат и играат секојдневно во природа, на сонце, светлина и чист воздух се неколкупати поздрави од своите врсници кои растат во затворена градска средина.

Цена : 210000 евра ( комплетно опремена куќа со внатрешен ентериер и клуч на рака )

Копмлексот е изграден
Пуштен во функција
Комплетно чиста документација

КУПУВАЧИТЕ НЕ ПЛАЌААТ АГЕНЦИСКА ПРОВИЗИЈА

Кон тел : 078356889
Вики Димчевска
Менаџер за маркетинг , продажба и презентација во градежниот сектор .

Përshkrimi i linkut

Букефал АС

 
Квалитетот не е чин , тој е навика ...
"УСПЕХОТ Е ПАТ , А НЕ КРАЈНА ДЕСТИНАЦИЈА"
Квалитет , стабилност , удобност и добра локација за нов дом = Букефал АС

Кога жените работат , економијата расте !
Менаџери за маркетинг и продажба :
Вики :☎️078356889
Мелита :☎️078681018
Vizitoni faqen e dyqanit tonë

Ул.Македонија бр.56 Скопје

078681018/078356889

https://bukefalas.mk

nëse ky njoftim prish Rregullat e Publikimit ose Shkëmbim i sigurtë

Shitësi

 
Квалитетот не е чин , тој е навика ...
"УСПЕХОТ Е ПАТ , А НЕ КРАЈНА ДЕСТИНАЦИЈА"
Квалитет , стабилност , удобност и добра локација за нов дом = Букефал АС

Кога жените работат , економијата расте !
Менаџери за маркетинг и продажба :
Вики :☎️078356889
Мелита :☎️078681018

Web-faqja jonë përdor Cookies për të përmirësuar eksperiencën tuaj në shfletimin e faqes. Duke klikuar "Unë pajtohem" ose duke vazhduar me përdorimin e web-faqes, ju pajtoheni me përdorimin e Cookies. Nëse ju nuk pajtoheni, ju mund t'i ndryshoni parametrat e kërkimit në shfletuesin tuaj.

Më shumë informacione