За да можете да креирате огласи, Ве молиме изберете и платете за претплатата која Ви одговара. Исто така можете да погледнете тука "Кориснички подесувања" и да го измените начинот на плаќање.
Mobi Stove е шпорет на биомаса, иновативен патентиран дизајн на шпорет наменет за готвење на отворено како решение за безбедно, лесно и ефикасно готвење во природа, користејќи минимална енергија достапна во природата како отпадна биомаса (суви гранчиња, шишарки, пелети, дрвен јаглен итн.) Наменет е за професионално готвење во природа без палење na отворен оган, носење тешки плински боци, скари и јаглен. Ова е одлично решение за екскурзии на отворено, кампување, лов и риболов. Mobi Stove шпоретот има висока ефикасност бидејќи работи на принципот на ракетни мотори со вбризгување воздух. Шпоретот е изработен од нерѓосувачки челик, има мала тежина (1,1 кг), мала големина за носење и се собира брзо и лесно. Интензитетот на топлина се регулира со потенциометар кој го регулира вбризгувањето на воздухот во горилникот. Затворениот систем на согорување го намалува ризикот од шумски пожари во споредба со готвење на отворен оган а добриот систем за согорување го намалува ослободувањето на јаглерод диоксид во атмосферата во споредба со другите пасивни решенија за готвење во природа. Предност на Mobi Stove во однос на другите шпрети наменети за готвење на отворено: • Безбеден (намален ризик од шумски пожари) • Мала тежина • Мали димензии • Брзо инсталирање • Создава силна топлина • Температурата се регулира • Еколошки (намалено ослободување на СО2 во природата) • Максимално ефикасно • Не создава чад • Изработен од нерѓосувачки челик • Неограничен извор на енергија • Работи самостојно
Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.