Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

The best solutions for energy efficient roof


Најдобри решенија за енергетски ефикасен покрив


Одбирањето на кров е една од најважните делови кои што ги сочинуваат вашите живеалишта - станови, викендици, а ова особено е од големo значење за сопствениците на куќи, бидејќи покрај декоративниот елемент, кровот заедно со градежните материјали може да допринесе кон тоа да имате огромна заштеда на енергијата во вашиот дом!

Поради тоа, во оваа статија ќе можете да прочитате неколку квалитетни решенија кои ќе ив помогнат при избирањето на енергетски ефикасен покрив, па затоа, ве советуваме да ја проследите целата статија до крајот!


Метален кров 

Металните покриви се едни од најдоминантните избори за кровови од страна на огромен број на градежни компании, како и на сопственици на живеалишта, а причината е навистина едноставна.

Имено, тие покажуваат одлична способност да рефлектираат топлина, а тоа директно води кон заштеда од дури 40% на енергија кои во спротивно би требале да ги скратите од вашиот месечен буџет.

Исто така, користењето на метални покриви се и доста издржлива опција, поради фактот што можат да бидат отпорни на оган од дури 1000ºC ( во зависност од брендот), тие не привлекуваат молњи повеќе од конвенционалните кровови, и не се воопшто "послаби" од оние изработени од асфалт, бидејќи тие се инсталираат преку цврста подлога.

Како уште една предност може да се спомене и квалитетот на изолацијата кој што го нудат, па така, надворешната врева нема никогаш да биде проблем во вашиот дом и семејство!

Но, да не заборавиме и дека металните покриви се одликуваат и со огромна издржливост како и со отпорност на појави од мувла или гниење, па така, неретко голем број на производители нудат гаранција во просек од 30 години.

metal roof


Битуменска шиндра

Едно е сигурно - битуменската шиндра изгледа фантастично, а уште повеќе ќе ви оди во прилог фактот што овој покрив ќе можете да го пронајдете во најразлични бои, па поради тоа, во светот многубројни живеалишта токму користат ваков покрив.

Овој материјал е изработен од битуменска база, па оттаму, го добива и името "битуменска шиндра" која што нуди многубројни предности за кои што ќе имате можност да ги прочитате.

Имено, битуманската шиндра се инсталира многу лесно, евтина е, а има и одлична издржливост кон надворешни влијанија - ветрови до 220km/h, квалитетно ја рефлектира топлината, па така, за време на летните месеци вие нема да трошите електрична енергија како што тоа го правевте досега.

Како уште еден доказ за издржливоста на овие покриви може да се спомене и отпорноста кон УВ зрачења, како и фактот што навистина би биле мали шансите да забележите некакви физички оштетувања.

Поради тоа, компаниите кои ги изработуваат и ги продаваат овие матерали најчесто даваат гаранција во просек од 30 години, исто како и кај гореспоменатите метални покриви.

Исто така, битуманската шиндра не е штетна по здравјето на вашето семејество, бидејќи овој материјал се јавува како природен асфалт, односно, не е катран, па така, истиот не испушта отрови на собни температури под 100 степени.

bitumen shingles


Покрив изработен од  Energy Star шиндри

Во Македонија, огромен број од покривите на градежните материјали се изработени од ќерамиди или шиндри, но, ист е случајов и во светот, а најголемата причина за популарноста на овие материјали се токму нивната способност за да заштедат енергија.

Во модерно време, постојат ќерамиди кои што се изработени од најразлични материјали, но, оние кои би ви ги препорачале се тие со ознака "EnergyStar".

Имено, употребата на Energy Star шиндри во вашите покриви, би ви ги намалиле трошоците за дури 7-15% од една страна, додека пак, од друга, би го зголемиле квалитетот на изолација за дури 15%.

Воедно, би сакале да нагласиме дека овие шиндри се генерално поскапи од обичните, но, во случај навистина да сакате да ги одберете, тогаш бидете сигурни дека инвестицијата ќе ви се исплати многу добро на долг рок.

Во споредба со традиционалните шиндри, Energy Star шиндрите можат подобро да се справат со надворешните високи температури, но, и да ги издржат влијанијата долги години без да забележите пад на квалитетот.

energy star shingles rooftops


Покрив изработен од шкрилци

Најголемата предност на покривите кои што се изработени од шкрилци е нивната неверојатно добра издржливост од дури 50 години, што значи дека вашиот дом, а и вие ќе ги уживате благодедите навистина долго време.

Во споредба со стандардните покриви кои што можат да издржат максимум 30 години, покривите од шкрилци можат да надминат 50 години па дури и 100 години во зависност од квалитетот.

Се рабзира, постојат и други причини зошто би требало да инвестирате во кров изработен од шкрилци.

За ваша информација, овој материјал изгреда прекрасно, а тоа додатно ќе ги разубави вашите живеалишта, и најважното - нивната енергетска ефикасност значи и заштеда од дури 10%.

slate roof


Сендвич панели

Сендвич панелите се одлична опција за секој дом и семејство кое што е заинтересирано за инвестирање во покрив кој што се состои од 3 слоја, односно од 2 плус висококвалитетна изолација.

Благодарение на квалитетните материјали од кои се состојат сендвич панелите, неретко ќе можете да забележите станбени згради, спортски објекти, административни/канцелариски згради, па дури и кровови кои се комплетно изработени од овие, така нараечени - сендвич панели.

Во случај да се одлучите за оваа опција, би сакале да ве информираме дека тие се навистина енергетски ефикасни, бидејќи за време на зимата, Вашиот дом ќе биде топол. во летната сезона, ладниот воздух од ладењето ќе може подобро да се задржи, токму онака како што сакате!


Се надеваме дека голем дел од овие опции соодејствуваа токму со оној тип на кровови за кои што сметате дека би можеле да одговорат на вашите барања, па доколку сте во можност, слободно разгледајте некои од овие материјали на нашиот сајт!

Во секој случај, вие го имате последниот збор, како и одлука, а она кое што можеме да ви го дадеме како совет е да продолжите да ги следите нашите статии, бидејќи во нив би можеле да прочитате информации од најразлична тематика!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации