Објавени: мар. 03 2021 01:37

KUKA VO IZGRADBA

Објавени: мар. 03 01:37
Прегледи: 2
Куќата е лоцирана во викенд-населбата на Добри Дол-Сопиште-Скопје, во прекрасната, еколошки чиста долина, природно изолирана од скопското загадување, отворена кон Караџица и Солунска Глава со природно проветрување од браната Козјак и Матка.
Куќата е градена според сите стандарди, градежна дозвола, добиена со ЛУПД (локална урбанистичка планска документација), ги има сите елаборати и документи, предвидени со нашите закони за изградба на големи индивидуални станбени објекти. Направени се, исто така, и измените во градба и комплетно платени комуналии.
Има три масивни бетонско-армирани плочи, со бруто површина од 650, односно 512 нето- квадрати.
Објектот е приклучен на градската водоводна мрежа-Скопје и со подземен електричен вод, според стандардите на ЕВН,фекална и атмосверска канализација.
Исто така, има внатрешна водоводна и електроинсталација.Средниот кат е малтерен, со поставена подна кошулица и инсталација за централно греење-комбинирана со радијатори и подно.
Вкупна површина на плацот е 970 квадрати, со можност за проширување.
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
2
075944480

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации