Објавени: јул. 23 2021 01:55

Kuka na ulica Rilski Kongres 85 Veles

ЕУР

Објавени: јул. 23 01:55
Прегледи: 63
Се продава куќа на ул. Рилски Конгрес 85 со вкупна површина (внатрешен простор и двор) 413 м2.
Куќата има два спрата:
- Горниот спрат има дневен престој со кујна и трпезарија, 2 спални, ходник и купатило со вкупна површина од 58 м2. Има и дополнителна тераса од 4 м2 со излез од едната спална соба и со поглед према градот.
- Долниот спрат има површина од 18 м2 поделен на 2 соби, од кои едната е дневен престој со кујна. На истото ниво има и дополнителни 3 простории + купатило со вкупна површина од 21 м2.
- На самиот влез од куќата има и 2 гаражи со големина од 17 м2 и 14 м2.

Куќата има одличен поглед кон градот и многу зеленило (лозница, цреши, орев, ...). Заради косината на земјиштето, се разликуваат 4 нивоа. На првото ниво се гаражите; на второто ниво е првиот спрат од куќата со помошните простории; на третото ниво е вториот кат од куќата, со две големи тераси како дел од дворот и балкон и трите со поглед према градот, и четвртото ниво е над куќата и има простор за бавча.

Соседните куќи се на пристојно растојание. Редовно е одржувана со реновирана фасада. На вториот спрат има поставено и клима уред. Може да се купи наместена или празна по желба на купувачот.

Куќата има навистина многу потенцијал за љубители на кои им е важно дворното место, природата, погледот, и со хоби за одгледување на мали бавчи. Се наоѓа на одлична позиција, на 15-20 минути пеш од центарот на градот.

Во прилог се неколку фотографии. За доловување на внатрешниот простор, најдобро е да се посети. Има чист имотен лист.

Телефон за контакт: 078 268 458
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
63
+38976472195

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации