Објавени: авг. 22 2022 05:43

Gradezen plac od 6876 m2 vo Prilep Krbla

ЕУР

Објавени: авг. 22 05:43
Прегледи: 399
Се продава градежен плац - градежно неизградено земјиште од 6876 м2, кое влегува во градските рамки согласно Генералниот урбанистички план на Прилеп.
Плацот се наоѓа позади Могилата и Прилепската Пиварница, над тениските терени. Во непосредна близина на плацот, во радиус од 250 метри, се наоѓаат и Салида Аква Паркот, клучката и регионалниот пат Прилеп - Битола, како и новопланираната делница која треба да ги поврзува улицата Александар Македонски (кај мебел Анита) и регионалниот пат за Битола.

Плацот е со уреден имотен лист, а трансформацијата на земјиштето е завршена и истото е дефинирано како градежно неизградено земјиште.

Плацот е рамен со поглед на Прилеп и Марковите кули. Во непосредна близина има приклучоци за струја и вода од градски водовод. Исто така, непосредната близина на Прилепската пиварница и структурата на теренот овозможува и едноставно поврзување со градската канализација.

Градежниот плац е соодветен за најразлични намени поради неговата близина до централното градско јадро, планираните инфраструктурни зафати за тоа подрачје, неговата големина, димензиите како и прекрасниот отворен поглед. Погоден е за градба како на голем индустриски објект, како и за угостителски или станбен комплекс или комплекс викендици.

Цената на градежниот плац е 25 € за 1 м2.

Телефон за контакт: +389 70 388 890
Лице за контакт: Анета
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
399
+3890388890

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации