Македонски | Shqip | English |

Се отстапуваат хотели, ресторани, кафетерии, сендвичари и друго

Токму тука ќе го најдете Вашиот идеален бизнис! Погледнете ги сите огласи каде се отстапуваат веќе разработени бизниси, и изберете го оној кој најмногу Ви одговара од аспект на профитабилност и желба за работење во соодветната индустрија.


На Пазар3 постојат голем број на огласи каде се изнајмуваат, продаваат и купуваат веќе разработени бизниси. На едната страна се наоѓаат сопствениците на фирми кои се одлучуваат на тој чекор - да го продадат или изнајмат својот веќе разработен бизнис, а на другата страна купувачите. И за двете страни ваквата одлука не се донесува лесно, меѓутоа сигурно е дека и за двете страни ваквата одлука создава многу можности.

 

Купување на веќе разработен бизнис

 

Одлична можност да станете претприемач, претставува можноста да купите веќе постоечки бизнис кој е на продажба. Купувањето на веќе разработен бизнис секако со себе носи одредени предизвици, меѓутоа има и голем број на придобивки.

Кога ќе се одлучите да купите постоечка фирма, може да ги искористите веќе постоечките канали на продажба но и веќе постоечките клиенти, па со сопствената идеја да го зголемите бројот на постоечките и да привлечете нови клиенти.

 

Најчесто се отстапуваат бизниси од угостителството, и тоа ресторани, кафичи, и хотели. Исто така, се продаваат или изнајмуваат и козметички и фризерски салони, авто сервис, фотокопирница, и други бизниси.

Кон почеток