Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!

how often should you walk your dog


Колку често е потребно да го шетате Вашето куче?

Физичките активности носат огромни бенефити како за вас, така и за кучињата, бидејќи тие директно влијаат врз нивното здравје, а со самото тоа, истите се отпорни на потенцијални болести кои можат да се јават како последица на неактивност.

Но, имајте предвид дека "оптималното" време за прошетка е различно, бидејќи постојат повеќе фактори кои придонесуваат кон ова, како што е расата на кучето, возраста, и тн, па поради тоа, во оваа статија, ќе се обидеме да ви прикажеме колку често е потребно да го шетате вашето куче!


Раса на кучиња

Имајте на ум дека природната конструкција на кучињата е различна, односно, постојат раси на кучиња на кои што им се потребни долги и фреквентни прошетки, но, и кучиња кои се задоволуваат со пократки прошетки.

На пример, идеалната прошетка за расата померанец изнесува максимум 30 минути, бидејќи се што е над ова може да го премори кучето до тој степен да има потешкотии со дишење.

Ако сте сопственик на бигл, оптималната прошетка би изнесувала исто така максимум 30 минути,  но, истата би требале да ја планирате 2 пати во текот на денот, односно 2 пати по 30 минути.

Лабрадорот пак, бара поголема физичка активност, бидејќи тие се големи и енергични кучиња, па според експертите, 45 минути би биле одлична прошетка, или 1.5 часа комбинирана прошетка, џогирање, играње и тн.

За сопствениците на мали раси на кучиња како кокер шпаниел, препорачливо е прошетката да се одвива 45 минути секое утро и по 30 минути навечер, мопс (pugs) имаат потреба од 2 дневни прошетки од по 20 минути, за францускиот булдог идеална би била прошетка од 20 минути, а за бишоните пак, оптималната прошетка изнесува 20-30 минути.


Големина

Генерално, најоптималното време кое би требало да го поминете со вашите домашни миленици во прошетка е помеѓу 35-45 минути, а тоа време можете да го распределите на 1, 2 или пак 3 пати во текот на денот.

Но, ако чувате кучиња од поголемите раси, тогаш имајте предвид дека прошетките од 30 минути треба да бидат минимумот, поради фактот што тие се енергични и без никаков проблем би можеле да трчаат или да имаат физички активностти до 2 часа.

Се разбира, не секој дом и семејство може да си приушти толкава слобода во текот на денот поради работните обврски, па затоа, ви препорачуваме да им се посветите на вашите кучиња колку што е можно повеќе.

Доколку вашите живеалишта се станови, тогаш прочитајте ја оваа статија каде што ќе можете да одберете кучиња кои што се идеални за чување во ваков тип на домови, и кои што се идеални за кратки прошетки.

Пред да завршиме со овој дел, важно е да се напомене и дека летните прошетки не би требало да се состојат од пешачење на жежок асфалт и песок, бидејќи тоа може да допринесе кон несакани здравствени проблеми кај кучињата, бидејќи не секое куче може да толерира топлина.


Старост

Староста е еден од клучните фактори на кои што треба да внимавате при потенцијалните "долги" прошетки, поради фактот што постарите кучиња, односно оние чија возраст надминува  9 години се склони кон артритис, атрофија на мускулите, и дијабетес.

Бидете сигурни дека дури и кога се работи за старо куче, тоа нема да ви даде ниту еден сигнал дека не сака прошетки, макар и истите да бидат со времетраење од 2 часа.

Поради тоа, придржувајте се кон правилото од 30 минути, или консултирајте се со специјалист кој би можел да ви даде уште подобри информации во зависност од расата на кучето.

Од друга страна, ако чувате куче кое што е сеуште малечко, односно нема наполнето барем 2 недели, со прошетките би требало да почекате, ,бидејќи потребни се најмалку 14-16 недели за да кучето биде спремно за прошетка.

Исто така, не заборавајте дека прошетките не би требало да се одвиваат и додека миленичето не ги прими потребните вакцини.

Тука ќе можете да прочитате неколку интересни факти кои што не сте ги знаеле за кучињата.


Што ќе се случи доколку ги занемарите прошетките?

Неактивноста, и необрнувањето на внимание врз физичката состојба на вашите кучиња ќе води кон формирање на анти-социјални тенденции кај вашето куче, односно, истото нема да сака да се дружи со останатите, а тоа со сигурност ќе го направи да биде депресивно.

Покрај ова, врската сопственик-миленик нема да се оформи на начин на кој што би требало да биде природен, бидејќи не би можеле да воспоставите авторитет, поради фактот што кучето ќе биде агресивно, повлечено во себе и летаргично.

Некои статистики велат дека кучето ќе почне да се чувствува пригушено и доколку не е прошетано 8 часа ( кучиња со возраст од 1 година+), па затоа, препорачливо е да не дозволите миленичето да биде без прошетка 6 часа.


Како да креирате рутина за шетање на вашите миленици

Во зависност од времето кое го имате на располагање, би можеле да започнете со  кратки, утрински прошетки кои што се клучни за да кучето ги изврши своите потреби, потоа, кратка прошетка пред времето за ручек.

Времето пред вечера е одлично за да му понудите на кучето подолги прошетки, но, и долгата прошетка би била одлична и за вечерните часови пред спиење.

Се разбира, начинот на кој што би се одвивале прошетките би можеле да ги распределите според вашето слободно време, а некогаш, кога не сте во состојба тоа да го направите самите, ви препорачуваме да најмите и професионалци кои би можеле да го сторат тоа наместо вас.


Се надеваме дека овие совети ви беа од помош, и дека истите ви помогнаа кон тоа да дознаете кое е оптималното време за прошетка на вашите кучиња.

Следете не' и во иднина, бидејќи на нашиот блог ќе можете да прочитате статии од најразлична тематика која со сигурност би била во склад со вашите преференци!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации