Објавени: фев. 01 2025 08:42

Куќа во Радишани

ЕУР

Објавени: фев. 01 08:42
Прегледи: 669
Куќата е со подрум околу 9 м2 и е со високо приземје околу 60см. од земја и изградена е 2000 година. Надворешна квадратура на куќата е 112м2 , а внатрешноста за живеење е 100м2 . Куќата е со голема дневна која се поврзува со трпезарија и се дели со една шибер врата со кујната тука во дневната се наоѓа и оџакот што значи имате опции за греење на дрва и струја , потоа има ходник кој ве носи до уште 1 ВЦ и 3 соби од кој едната е помала како детска а останатите две се поголеми како спални соби и се скоро со иста големина . Плацот е околу 340м2 и е на 2 улици а до куќата се пристигнува од 3 пристапни патишта , така да која и да се прави улица имате 2 други опции за пристигнување до дома . Инаку самата куќа се наоѓа скоро на пола плац така да имате помало дворно место со бетонска патека која води до куќата и поголемо дворно место имате позади самата куќа . Инаку пред плацот има улица , потоа доаѓа тревник со паркинг па доаѓа реката Серава . Значи ако сакате да живеете во мир и тишина ова ви е вистинската локација. Куќата е со сите документи и доколку сте во можност за поголема инвестиција треба само да ја обновите дозволата за градба бидејќи моментално е за подрум, приземје,1 спрат и поткровје, меѓутоа во меѓувреме е сменето и се дава 2 спрат да се гради за повеќе не сум сигурен и со поголемата инвестиција можете да градите уште спратови. Си добивате и Елаборат за градба за да знаете дека е градена по сите стандарди за тоа што е досега правено , а правено е јако за да може да носи и 3 спрата . Цената е 130.000 евра . Би живееле на локација каде што ќе си гледате природа , верверица и убави птичји песни , а имате и далеку почист воздух од Скопје затоа што нема фабрики и сте на повисока надморска височина, а има и помали летни температури дневни 2-3 степени и ноќни 5-8 степени целзиусови . Комшиите ви се солидни луѓе да не се грижите од таа страна , а куќата е на продажба бидејќи останав сам , а сам не се живее во толкав простор инаку искрено никогаш не би ја ставил на продажба.
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
669
070379627

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации