Објавени: авг. 08 2016 08:26

Semejna stanbena kuka vo Taftalige 2

ЕУР

Објавени: авг. 08 08:26
Прегледи: 27
Семејна стамбена куќа во Тафталиџе 2, вкупно 270м2
Лоцирана на почеток на Тафталиџе 2, ул.Осло бр.2, на исклучително достапна позиција со контакт на споредна и главна улица.

Со новодонесениот пропис за пропишана висина од 10,2(?) метри, се овозможува градба од околу 450м2.
Со оглед на статичката издржаност на постоечката конструкција, таа овозможува доградба/надградба по пат на АДАПТАЦИЈА, а не градба од нула, со значително помали трошоци за постигнување на максималната квадратура.

Површина на плац 259м2 (двор 135, основа на објектот 124).
Еден сопственик, откупено земјиште.

Изградена 1973г, надградба на дополнителен простор 1991г.
- НЕТТО стамбена (корисна површина - внатрешни мерки на просториите) 200м2
- Балкони (четири) …………………………………………………………… 20м2
- Сутеренски простор со висина 220 см (визба) = ходник, + потстаница
за парно греење, + две соби х 9м2 + гаража 20м2 ………………………. 50м2

Куќата е авторски проект на еден од водечките урбанисти во 1970/90ти години (ко-автор на ГТЦ Скопје, потоа Сток.куќа “Мост“, ревитализација на Старата чаршија …),
Куќата поседува елаборат за статика изработен од Арх.факултет Скопје, кој овозможува МАКСИМАЛНА дополнителна надградба на постоечката конструкција.

Изградена е по систем на 5 скалести полу-спратови, меѓусебно поврзано со внатрешни скалила:. –
1.сутерен,
2.приземје (ходник, 2 соби, една мала помошна просторија (утилити), купатило со тоалет.)
3. полуспрат со главен влез (ходник, тоалет, кујна, трпезарија, салон со балкон),
4. ходник, купатило со тоалет, две соби (спални – едната со директен влез во купатило со балкони),
5. ходник (со овозмошено отворање дополнителен надворешен влез), тоалет, мала помошна просторија (остава), високо поткровје со кос кров (внатрешна висина 4м до 2,20м) = голем салон со трпезарија, балкон, кујна. Овој полуспрат е надрадба со со сендвич –ѕидови (тула+тервол+тула) со дебелина од 40цм, со повеќеслојна кровна изолација (ламперија, тервол во ПЕфолија, “слеп“кров, решетка, тер-хартија, салонит)
Куќата располага со сопствена топлотна потстаница и е поврзана на централно греење.
Локацијата, како и внатрешната конституција посебно соодветни за правни лица = компании, дипломатски претставништва и сл.

Цена: 850евра/м2 = вкупно 220.000 евра
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
27
075228550

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации