Објавени: окт. 28 2015 08:51

Jeep Cherokee 5,7L -05

Објавени: окт. 28 08:51
Прегледи: 34
СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА
објавува

О Г Л А С
за продажба по пат на прибирање затворени писмени понуди

Марка: JEEP GRAND
Тип: CHEROKEE 5.7 L
Работна зафатнина на мотор во cm³: 5654
Сила на мотор во kw (ks): 240
Година на производство/: 2005 / 140.000 км
Прва регистрација 27.09.2005 год.
Важност на регистрација: 27.09.2016 год.
Бруто почетна цена во денари : 937.156,00 денари

Сите заинтересирани правни и физички лица понудите да ги достават до Архивата на Стопанската комора на Македонија или преку пошта на адреса: Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13 – Скопје, најдоцна до 30 октомври 2015 година (петок), со назнака „ПОНУДА – НЕ ОТВОРАЈ“.
Во понудата треба да бидат назначени адреса и назив на понудувачот и понудената бруто цена изразена во денари.
Огласот трае најдоцна до 30.10.2015 година, до 15:30 часот.
Понудувачите се должни да уплатат 5% од вредноста најдоцна до 30.10.2015 год., на жиро сметка на Стопанската комора на Македонија број 300000000718709, депонент Комерцијална банка АД – Скопје.
На понудувачите кои нема да бидат избрани депозитот од 5% ќе им биде вратен.
Стопанската комора на Македонија ќе изврши избор најдоцна во рок од 15 (петнаесет) работни дена по завршување на огласот.
Доколку најповолниот понудувач не склучи договор во рок од три дена од денот на известувањето за извршениот избор се елиминира од рангирањето и го губи правото на поврат на депозитот.
Продажбата на возилото е по принципот „видено-купено“.
Трошоците за продажбата и преносот на правото на сопственост паѓаат на товар на купувачот.
Стопанската комора на Македонија нема обврска да изврши избор од потенцијалните понудувачи.
Заинтересираните лица, возилото можат да го разгледаат во гаражата на Комората, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13 – Скопје, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.
Лице за контакт: Анета Трајковска, тел.: 02/ 3244-041, 070/295-432 e-mail: [email protected].
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации