Објавени: ноем. 07 2021 03:38

Поволно! Продавам или менувам куќа и плац во с.Орман/Волково

ЕУР

Објавени: ноем. 07 03:38
Прегледи: 75
Продавам или менувам Куќа од 90м2 со Плац од 920м2 во село Орман-Скопје. Ќуќата е изградена во 1995г, цврста градба со бетонски столбови и цигла и е во полукарабина состојба ,потребно е целосно реновирање на истата.

Куќата е малтерисана од надвор и е затворена со постари прозорци и врата ,има бетонска основа која е подигната еден метар од земја .Во внатрешниот дел има спроведено струја, делумно функционално купатило со елементи , голем ходник и две соби кои се делумно спремни за живеење и плус има уште една голема просторија од 30тина квадрати која е карабина .

Плацот не е ограден, и во селото за сега нема канализација. Прашањето со канализацијата сите куќи го имаат решено со индивидуални септички јами. Во селото постои проект за канализација кој е во фаза на реализација и се очекува набрзо во селото да биде спроведена и канализациона мрежа.


Имотот и куќата имаат целосно средена и чиста документација и се спремни веднаш за префрлање , има вода (градски водовод), струја, асфалтиран пат и улично осветлувње.

Се наоѓа во село Орман , мало село од 50-тина куќи во непосредна близина на Волково, на многу убаво и мирно место ,со значително почист воздух во споредба со другите градски и приградски населби во Скопје

Има основно училиште на 1, 5км од селото. На помалку од еден километар од селото има бензиска пумпа .Има редовна автобуска линија , со одлична собраќајна поврзаност кон околните населени места и градот Скопје.
Има брз и лесен пристап до скопската обиколница , магистралниот пат Скопје - Долно Блаце , на само 2км од Волково, 5км од местото каде што ќе се гради новиот клинички центар во Скопје, и 12км од центарот на Скопје.


Со минимални вложување можете да добиете комфорно место за живеење и одмор , со голем двор, по цена за која не би можеле да купите стан со една соба во Скопје.

Цена по договор, поволно ! Можна е и замена со евентуална моја доплата за помал стан или имот со слични карактеристики.

Телефон 078 883 726, 078 262 563
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
75

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации