Регистрирај Pazar3 сметка и добиј 50 денари!
Македонски | Shqip | English |

how to sell your car in a record time

Совети за продажба на автомобили во рекордно време


Процесот на продажба на автомобили знае да биде комплициран, макотрпен, и да одзема многу време бидејќи постојат многубројни директни и индиректни фактори кои влијаат врз тоа, но, и работи кои што Ви недостасуваат а се клучни за да се промени ситуацијата во која што се наоѓате.

Поради тоа, се одлучивме да ви понудиме неколку извонредни совети кои ќе Ви гарантираат брза продажба на автомобили во рекордно време, бидејќи нашата цел е секогаш да ви излеземе во пресрет, нудејќи ви совети кои ќе ви го олеснат животот на било каков начин.


#1 Поставете цена

Поставувањето на цена е првата и основна работа која што треба да ја имате на ум, бидејќи како што знаете, не сите модели имаат иста цена при првично купување, но и при продавање.

Сега, следува прашањето - Како да ја одберам вистинската цена за моите возила?


Состојба и сочуваност

Една од клучните работи која ќе Ви помогне полесно да ја препознаете цената на автомобилот кој што го продавате е да започнете од состојбата, и колкаво е нивото на сочуваност.

Имено, колку што е подобро сочуван вашиот автомобил, толку цената би можела да биде повисока, имајќи го предвид фактот што имате предност поради фактот што речиси секој купувач сака да одбере возила без никакви физички недостатоци - гребнатини и сл оштетувања.

Но, доколку оштетувањата навистина постојат, тогаш имате две опции, или да ги санирате истите или пак да ја намалите цената барем приближно колку што купувачот би требал да плати за да ја поправи самиот штетата.


Километража и старост на автомобилот

Овие две работи најчесто одат рака под рака, а интересното е што тие или можат да издејствуваат кон тоа да поставите повисока цена или пак пониска цена.

Во случај да сте сопственик на прилично нов автомобил кој што не поминал повеќе од 50,000 километри, во тој случај, Вие не би изгубиле многу од првичната цена при продажба, но, се разбира, доколку моделот е постар, да речеме од 90тите години и има преку 200,000 километри, тогаш се разбира, цената драстично ќе треба да биде намалена.

Во секој случај, ако возилото е добро сочувано, редовно сервисирано, тогаш купувачите не би имале никаков проблем да инвестираат малку повеќе отколку што предходно размислувале, па ова се несомнено добри вести за вас.


Достапност на авто делови

Иако пазарот на авто делови е доста развиен, и на истиот ќе можете да најдете различни авто делови, нови и polovni delovi, сепак, доколку вашиот модел е редок, односно специфичен, некои купувачи не би сакале да преплаќаат одредени делови поради малата понуда.

Но, доколку пак, сопственик сте на автомобили за кои што постои огромна заинтересираност, во тој случај, шансите за да имате успешна продажба на автомобили се навистина големи, а со тоа и цената би ви одела во корист.


Популарност на моделот

Како што и самите знаете, некои автомобили се познати по тоа што "држат" цена, а други пак, не се толку популарни и не будат огромен интерес што е сосема нормално.

На пример, golf 5, golf 7, volkswagen passat b7, audi a7, audi a3, opel astra, opel corsa, bmw mk, се само еден дел од огромниот број на возила кои им ја нудат оваа предност на своите продавачи.


#2 Пронајдете место за продажба

Опциите за да пронајдете место за продажба на автомобили се безбројни во денешно време, но, не секоја одлука може да Ви гарантира дека самиот процес би бил навистина лесен и едноставен.

На пример, некои луѓе често се одлучуваат лично да бараат купувачи преку користење на одредени групи кои што се специјализирани за таа намена на социјалните медиуми, друг прават самореклама ставајќи натпис - автомобилот е за продажба, или пак ги нудат своите возила на авто плацеви, а други пак, го одбираат Пазар3 како место за реализирање на вашата цел.

На нашиот сајт, дневната посетеност надминува бројка од неверојатни 70 000 посетители, а воедно, важиме и за најголемиот простор за онлајн огласување во Македонија каде што можете да погледнете oglasi avtomobili и да продадете секаков модел и бренд на автомобил  - BMW, MercedesAudi, Opel, Fiat, Seat, Volkswagen, Renault, Peugeot Ford итн, без воошто да се грижите дали станува збор за нови автомобили или пак за половни автомобили.


#3 Припремете го возилото за продажба

За да имате успешна продажба на автомобили, потребно е да го подготвите возилото, а тоа вклучува чистење на екстериерот и ентериерот, посета на сервис за автомобили, кој ќе Ви овозможи квалитетна поправка на шофершајбна,  полирање на фарови, и се разбира, комплетна автодијагностика со која ќе ви служи како доказ пред секој купувач за сигурноста на автомобилот.

Да, можеби инвестицијата би ви била малку поголема од очекуваното, но верувајте дека тоа може да ви се исплати, а дури и да имате навистина лесна продажба на автомобили по далеку повисоки цени од вообичаеното.

Покрај ова, не заборавајте да ја припремите документацијата и испробајте ја исправноста на моменталниот и на резервниот клуч, поради фактот што колку подобро се претставите себе си но и автомобилот пред купувачите, толку полесна ќе Ви биде и самата продажба на автомобили.


#4 Oгласете се

За да некој дознае дека продавате, потребно е да објавите оглас или пак да поставите реклама каде и да било, бидејќи само така би си ги зголемиле шансите за продажба на автомобили, но и на се останато за кое што сметате дека веќе немате потреба.

Доколку го одберете Пазар3, тогаш бидете сигурни дека половина од работата ќе Ви биде завршена, бидејќи огромен број на посетители следат огласи за половни автомобили, но и за  продажба на автомобили во нова состојба па така, шансите за да вашиот оглас биде незабележан се сведени на нула.

Единствената работа на која што треба да внимавате се уредувањето на огласите, правилата за огласување, и се разбира, прикачувањето на фотографија од вашите автомобили, бидејќи овие 3 работи се клучни за да имате успешна продажба, а во ова ќе се уверите и самите!


#5 Понудете можност за тест возење

Оваа практика значително ќе го поткрене нивото на доверба кое ќе го имаат потенцијалните купувачи спрема вас, поради тоа што Вие им нудите можност лично да го испробаат возилото, наместо само да ви веруваат на зборот дека вашиот автомобил е прекрасен.

Тоа можете да го направите во ваше присуство во текот на денот, да отпатувате вон градот, но и на подолги релации во самиот град, бидејќи на овој начин, купувачите би имале далеку подобра претстава околу што точно може вашиот автомобил да им понуди.

Откако ќе го сторите тоа, шансите за продажба на автомобили на кои што сте сопственик би биле значително зголемени, а тоа е токму она што Ви е потребно!


За крај, преку следење и практикување на горенаведените совети, Пазар3 Ве уверува дека нема да се соочите со никакви потешкотии во процесот на продажба на автомобили, а во ова ќе имате прилика да се уверите и самите!

Кон почеток

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации