Објавени: апр. 05 2025 06:55

Се издава наместен стан со 2 спални и со подземна гаража

ЕУР

/ месечно
Објавени: апр. 05 06:55
Прегледи: 400
Се издава 60 квадратен стан (дневна + кујна + 2 спални + одвоен ходник + тераса) за подолг престој во зграда на Адора, на 4ти спрат во близина на Св. Илија и поликлиника Јане Сандански во Аеродром, со подземен паркинг простор.

Станот е КОМПЛЕТНО опремен:
- Дневна соба со трпезариски дел во која има инвертер клима од Грее (3.5кв).
- Кујна со елементи од медијапан, целосно опремена: фрижидер, рерна, машина за садови, микробранова, тостер, кафемат, секакви садови за складирање, готвење, прибор. Има аспиратор, а и прозор за природна вентилација.
- Детска соба со француски кревет 140цм, биро и плакар.
- Спална соба со кревет 160цм, Акрон лизгачки плакар, дополнителна комода со шминкерски дел.
- Тоалет со нова машина за перење.
- Претсобје со Акрон плакари.
- Застаклена тераса (изолирана од дожд и прашина) со доста простор за складирање и комотни елементи за седење.

Огромна предност е што станот доаѓа со подземно гаражно место (20м2) достапно со лифт - вклучено во месечната цена.

Станот има одлична топлинска изолација, поради што не е приклучен на градско парно и не се плаќа ни паушал. Има активна Телеком претплата со брз оптички интернет.

Зградата е мирна, безбедна, чиста и со одличен квалитет. Станот до сега не е издаван.
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
400
078-580-158

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации