Објавени: ноем. 13 2019 07:04

SE IZDAVA STAN NA EKSTRA LOKACIJA VO KAPISTEC

Објавени: ноем. 13 07:04
Прегледи: 11
Станот се наоѓа спорти заводот за вработување и новото училиште во Капиштец во зградите со фасадна цигла, на 2 кат од зграда со 8 ката+приземје. Има јужна(најголем дел) источна и северна страна. Располага со 3 соби ,тераса , 2 wc и во продолжение на кујната има шпајз. Едното WC има природна вентилација.Несвојствено за центар ,станот е интимен и опкружен со зеленило, големи борови, жална врба и има одличен поглед . Веднаш позади е новиот парк во капиштец , а пред зградата е автобуска постојка. Станот е комплетно реновиран пред 2 години - има пвц прозори, 2 тенди, решетки за заштита од кражби на секој прозор и терасата, огноотпорна блиндор врата со италијанска брава, дабов паркет (парче 50 cm). Се издава наместен со кујна ( направена од сјаен медиа пан и иверка, вградена фурна плотна и машина за садови, бојлер и голем фрижидер ), плакар со димензии 3m на 3m , самсунг клима . Шпајзот уредно е среден со полици.
Во зградата пред година дена е поставен нов кров , влезна врата со шифра , сијалици на сензор на секој спрат, нова врата за лифт, променети се пумпите за вода и парно. Лифтот е прилично голем и слободно може да собере велосипед и количка за дете.На секој спрат има заедничка лоѓија, а има и заеднички подруми но бидејки не се соодветно поделени сеуште никој не ги користи.
Цена по договор во зависност од временскиот период за кој ќе се договориме да биде станот издаден.
Контакт 075/241-075
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
11
075241075

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации