Објавени: мар. 19 2025 04:50

Luksuzno namesten stan vo Kozle so pogled na Vodno

ЕУР

/ месечно
Објавени: мар. 19 04:50
Прегледи: 456
Цената е нето со сите трошоци, струја, вода, парно, интернет, телевизија, лифт и чистење на станот 1 неделно, само за договор од најмалку 1г.

Издавам луксузно наместен стан со поглед од милион долари према Водно, наместен со комплетен нов намештај (90% е нов) и целосна покуќнина.
Повеќе слики на www.3333.mk

ЗАБРАНЕТО ПУШЕЊЕ ВНАТРЕ.
ЗАБРАНЕТО ЗА МИЛЕНИЦИ.

Мирна локација на споредна улица спроти Веро 2.
Парк со зеленило и детско огралиште до самата зграда.
Позади зграда локално продавниче.
Преку улица голем парк со шеталиште, детски парк, надворешна вежбална и парк за миленици.
Преку булеварот, бензиска Макпетрол, Веро 2, ДМ, Кам Маркет, Хомакс.
На 5мин. градинка кај Канела, на 10мин основно училиште.

Комплетно реновиран од нула.
Високо квалитетен дрвен под Spacva.
Прозори Salamander со 3 комори, со звучна и топлинска изолација.
На сите прозори ролетни на далечинско.
Сигурносна влезна врата со 12 точки на заклучување.
2 клима уреди, 1 во дневна, 1 во детска.
Интернет во цел стан, МахТV со HBO.
2 телевизори, кожна гарнитура и многу други работи.
Влезна врата во зграда со шифра.
2 мали лифта во функција.
Приватен паркинг околу зграда.

На вас ви треба само вашата облека.

1. Дневна 20м2
- 2 кожни троседа Natucci
- 1 vintage фотеља дрво со кожа
- 55” Sony Bravia, MaxTV со HBO
- JBL 2.1 soundbar со woofer
- Access Point Ubiquity (за бежичен интернет)
2. Спална 7м2
- брачен кревет 160х200 со фиока за складирање
- вграден мал плакар.
3. Детска 14м2
- 2 кревети на спрат 90х200
- 1 помошен кревет во долна фиока 80х190 во кој има 2 душека
- скали со фиоки за до горниот кревет
- биро за 2ца на склопување
- голем вграден плакар поделен на 3 дела со 3 лизгачки врати
- 43” Philip, MaxTV со HBO
- Access Point Ubiquitу (за бежичен интернет)
- тераса 1m2 со јажиња за сушење алишта
4. Трпезарија 4м2
- Marles стаклена маса 150х100 со 6 столици.
5. Кујна 5м2
- Beko индукциска плоча
- Beko рерна со пиролотичко самочистење
- Faber Eurolux аспиратор со 700m3/h влечна моќ
- Beko машина за садови
- Beko микробранова
- Candy фрижидер со црна стаклена врата и дигитални команди
- класичен и амерички вид на тостер
- Krups апарат за кафе на капсули Dolce Vita
- Philips блендер
- Philips цедалка за сок
- термо бокал
6. Купатило 4м2
- Fiore чешми и туш
- Roca Kalevit санитарија
- мијалник со фиоки
- туш кабина со лизгачка врата, туш со печурка и туш рачка
- плакар
7. Пералана/сушална 5м2
- бојлер Горeње 80l
- машина за перење LG Direct Drive 7kg.
- машина за сушење со топлотна пумпа Samsung 8kg
- правосмукалка Samsung
- голем вграден плакар, работна маса врз машините, сушара, даска за пеглање, пегла, вага, џогер за плочки, џогер за паркет, легени, корпа за алишта, скала.
8. Ходник 6м2
- Вграден плакар поделен на 2 дела со 2 лизгачки врати.
- Вграден дел во ѕид за аларм, рутер и техничка опрема
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
456
071380111

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации