Објавени: септ. 03 2024 08:55

Новоградба строг Центар - студ. дом „Кузман Ј.-Питу“

Објавени: септ. 03 08:55
Прегледи: 213
Во завршна фаза е изградбата на новиот проект „Центар 1“, кој претставува современ станбен објект за квалитетно домување, со особено модерно и ефектно визуелно-фасадно решение.

Објектот успешно доби позитивни МИС1 и МИС2 извештаи од страна на ИЗИИС за неговата бетонската статичка изведеност и стабилност.

Во моментот, објектот е во фаза на поставување на фасадниот систем и почеток на фазите малтерисување и молерисување.

Објектот е лоциран во строгиот центар на Скопје, на ул. „Коста Шахов“ бр. 8, КО Центар 1, веднаш позади студентскиот центар „Кузман Јосифовски Питу“. Неговата местоположба објектот го прави поволен за исклучително квалитетно семејно домување, со сета потребна инфраструктура во непосредна близина, како и за деловно работење, издавање и работни канцеларии.

Објектот е сочинет од 8 станбени единици, П+4+Пк. Слободни се станбените единици со следните квадратури: 54м2+двор, 34м2, 70м2 и 106м2.

За дополнителен комфор и квалитетно живеење, обезбедени се и 8 паркинг места и подрумски простории за секој стан.

Материјали кои се имплементираат во објектот:
- Патнички лифт OTIS
- Wienerberger надворешна фасада со 10cm термо изолација
- Прозорци REHAU SYNEGO 80 со тројно стакло
- RIGIPS системи на внатрешни ѕидови со постигната звучна изолација од 54db и 70db
- Водоводна мрежа REHAU RAUTITAN
- Канализациона мрежа REHAU SILENTO безшумен систем
- Италијанска/шпанска керамика
- Индивидуално греење&ладење преку топлински пумпи, мулти-сплит систем или преку фенкојлери и REHAU систем за подно греење&ладење, со специјална кошулица за топлотна спроводливост
- Проточен бојлер (Siemens. Stiebel Eltron, Bosch)
- Санитарија (Roca, Grohe, Geberit)
- Вградени казанчиња во бањите (REHAU)
- Батерии (Grohe, Roca, Hansgrohe)
- Под од трослоен паркет
- Собни врати Supporta
- Влезна блиндор врата
- Smart-home систем и видеодомофонија

Повеќе на веб-страната: gibris.mk
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
213
+38979339463

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации