Објавени: апр. 21 2025 10:41

Kisela Voda - 11 Oktomvri renoviran stan 93m2

ЕУР

Објавени: апр. 21 10:41
Прегледи: 360
Продавам комплетно реновиран стан од 93м2 во нас. 11 Октомври, во најмирниот дел од општината, лоциран позади ОУ Невена Георгиева - Дуња во зградата А2 на I спрат со лифт.

Станот има одличен распоред - голема дневна соба, пространа трпезарија, потполно нова кујна по мерка од медијапан, две пространи спални соби, купатило со проточен бојлер и када, вграден плакар во ходникот, гостински тоалет, остава со струја, довод и одвод на вода (може да се смести машина за перење алишта и сушара) и долг балкон кој ги спојува двете спални соби со поглед на Југ кон градинката, основното училиште Невена Георгиева - Дуња и Водно.

Постои можност во иднина од новиот сопственик за изведување на уште една спална соба (трета) на место на дневната соба.

Кујната е направена од медијапан (материјали: AGT мат зелен медијапан, Kaindl Oak Evoke Classic K4420 IR), GOLA систем на отворање на фиоки без рачки, меко затворање на сите врати, место за машина за садови со полна големина (ширина 60цм), иноксен садопер и отвор за фурна.

Паркетот е шмирглан и лакиран, станот е комплетно варосан, во левата спална соба е вградена звучна изолација од 2 слоја Knauf Diamant гипс картонски плочи со камена волна, акустична заптивна маса и изведена е струја каде што е предвиден вграден плакар. Сите собни врати и каси се префарбани, има нова струјна инсталација со нови ABB автоматски осигурувачи. Станот се продава празен само со вградената нова кујна (без бела техника, без чешма и без бојлер) и со вграден плакар во ходникот.

Ориентација Север/Југ – термофасада 10цм стриропор на двете страни, PVC термопан прозори и врати со нови комарници и ролетни во дневната и спалните соби, станот е приклучен на градско парно. Во зима станот е многу топол а во лето ладен. Блиндор врата со mul-t-lock брава.

На спратот има само 2 станови – станот на едната страна (лева спална остава и гостински тоалет) се граничи со соседниот од истиот влез, а од другата страна – дневна соба и десна спална е одделена 50цм од соседниот стан (od другиот влез) поради асеизмичност.

Во зградата има лифт и оптички приклучоци на Телеком и Телекабел. Зградата е една од најотпорните на земјотрес во Скопје и е опкружена со зеленило, околината е многу мирна и пред зградата има голем број на паркинг места.

Веднаш зад зградата има градинка, забавиште и основно училиште. Во близина има Кам, Тинекс, Веро и Стокомак. Центарот (Рекорд) е на 15 минути пеш. Голем паркинг пред и околу зградата.

Чист имотен лист (нема закуп, нема хипотека) со вкупна впишана површина од 93м2 (83м2 станбен простор + 10м2 балкони).

Станот може да се види со претходна најава на 071-450-132. Без агенции.

Цена 139.000 €. Без замени.

Адреса: Михаил Чаков 9-4, Кисела Вода, Скопје.

https://www.youtube.com/watch?v=J3QSUYkwYhg
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
360
071450132

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации