Македонски | Shqip | English |

Продажба на автомобили увезени од Бугарија | Пазар3

Се продаваат bg avtomobili во одлична состојба! Погледнете ја широката понуда за продажба на автомобили увезени од Бугарија на Пазар3.мк. Гаранција за помината километража кај многу од автомобилите. Голем избор на марки и модели на автомобили.

07 апр. 15:40 ,

VW PASSAT 1.9TDI high-line edinstven vo mk-03

Година: 2003
Километража: 170 000 - 179 999

bg avtomobili - Се продаваат автомобили увезени од Бугарија

На Пазар3 се продаваат голем број на автомобили увезени од странство, а најчесто авто плацовите и големите авто салони вршат увоз на коли од соседна Бугарија. 

 

Какви сѐ автомобили се увезуваат од Бугарија?

 

Најнови модели на автомобили, седани, мали градски автомобили, каравани, теренски, автомобили од 2005, автомобили со година на производство 2010, автоматик коли, коли со мануелен менувач и многу други.

 

Често застапени се следниве модели на автомобили увезени од Бугарија:

- Mercedes S350 Amg 2014 godina 4Matic Bluetec

- Mercedes E 280 CDI Avantgarde

- A8 Quattro S-Line

- Fiat Punto

- Opel Astra

- Seat Leon

 

Лесно и брзо купете автомобил на бугарски таблици на Пазар3.мк. Разгледајте ја целосната понуда на bg avtomobili или користете ги опциите за филтрирање на огласите со цел побрзо и полесно да го пронајдете автомобилот што ви одговара.

 

На што треба да внимавате при купување на кола увезена од Бугарија

Има неколку важни законски елементи на кои треба да внимавате при купување на автомобил увезен од странство. Царинската управа на Република Северна Македонија има посебни правила кои мора да се исполнат како што се условите за хомологација на возилото. Исто така потребни се и одредени документи со цел успешно комплетирање на транзитната постапка. Некои од авто плацовите низ државата целата постапка на царинење на возилата увезени од странство ја завршуваат самите тие. Додека пак некои од физичките лица кои увезиле кола од странство, трошоците за регистрацијата на возилото на МК таблици ги префрлуваат на идниот сопственик. 

 

Поради тоа многу е битно детално да го разгледате огласот за продажба на bg avtomobili или било кое друго возило увезено од странство. 


Кон почеток