Објавени: апр. 21 2025 12:07

Ekskluziven apartman, kej na Vardar, Momin Potok, Karpos

ЕУР

Објавени: апр. 21 12:07
Прегледи: 2444
На продажба е прекрасен, светол апартман, на мирна и тивка локација во Момин Поток (спроти ресторанот Фиш), покрај самиот кеј на Вардар, ул. Скупи бр. 3А, во комплексот “Enta Seal – Project K”. Комплексот е со модерна изведба, неговата местоположба е со фантастична локација која воедно е блиску до центарот на градот, а сепак далеку од вревата и градскиот метеж, и е осмислена да има непречен поглед на Вардар, градскиот парк и Водно. Објектот е П+2+ПК, на секој спрат има максимално две единици, година на градба 2016/2017. Греењето/ладењето е изведено со индивидуални топлински пумпи/конвектори.

Апартманот е со површина од 129м2, се наоѓа на 1 спрат, има голем дневен престој, 3 спални соби, 2 бањи, гостински тоалет, 2 тераси (12м2) од кои едната, која е функционално поврзана со мастер-от и дневната, гледа на југ, а втората која е поврзана со останатите две спални е со северна ориентација.

Зградата е изведена со високо квалитетни и ексклузивни материјали, во одлично соседство, има ограден двор од 900м2, кој се користи само од станарите и е одржуван редовно од градинар.

Има можност и за гаражно место на -1, со доплата.

Контакт: +38975271311

Локација на станот: https://maps.app.goo.gl/9JNQ96GKmUS8t3KNA

Видео од просторот: https://youtu.be/ogCgvsRNEps


tags: Кarpos, kej, Vardar, cetvorosoben stan, restoran Fish, Карпош, четворособен стан, Kriv Dol
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
2444

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации