Објавени: мај 29 2015 03:17

Dupleks stan od 202m2 vo Karpos

ЕУР

Објавени: мај 29 03:17
Прегледи: 15
Станбената зграда се состои од сутерен + приземје + кат + поткровје, изградена е 2000 година, со рам конструкција, сендвич градба, дрвена словенска столарија, приклучена е на градско парно, поставеноста и е на источна страна.

Станот е на високо приземје со поврщина од 97м2, физички не е поврзан со сутеренот кој е со поврщина од 105м2. Доколку има потреба за поврзување, постои лесно изводлива можност. Станот и сутеренот имаат поглед на двор кој е со површина од 62м2.

Сутеренот може да биде деловен и станбен, има посебен влез со домофон, дрвена столарија, мермерни и гранитни плочки, 1 мала просторија, 1 поголема просторија, 1 голема просторија и 2 купатила. Големата просторија е обложена со мермерни плочки, но во моментов балетското студио кое го има под наем сутеренот, ја има обложено со ламинат и ја користат за сала за вежбање. Малата просторија ја користат за канцеларија а поголемата просторија за соблекувална.

Станот на високо приземје се состои од: 3 спални соби од кои едната има балкон, 1 голема дневна соба која излегува на тераса и од терасата во двор, 1 кујна со трпезарија, 1 купатило со џакузи када, 1 купатило со тущ када, 1 ходник во кој се влегува од влезната врата и од кој се влегува во дневната, кујната, купатилото со туш када и во друг ходник од кој се влегува во трите спални и купатилото со џакузи када.

Подот во собите е изработен од водоотпорен ламинат, подот во кујната и ходникот е изработен од гранитни плочки, столаријата е дрвена од Словенија “Кли Логатец“ и по еден зид во кујната и дневната се изработени од стаклена призма. Електричната инсталација е германска “Siemens”.
Можност за плаќање на рати и превземање на кредит.
Доколку овој оглас ги прекршува Правилата на Огласување или Тргувај безбедно
15
070-246-039

Адреса:

Нашиот сајт користи колачиња (Cookies). Со кликнување на “Се согласувам” или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата. Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач.

Повеќе Информации